Slider

Вести

Jeep најави премиера на новиот Wagoneer и плаг-ин хибрид изведба на Wrangler

Slider

01/09/2020

Американскиот бренд Jeep најави две интересни премиери за 3. септември, а посебен интерес предизвика најавата за нова генерација на легендарниот Wagoneer.

Премиера го очекува и Wrangler кој првпат ќе биде понуден како плаг-ин хибрид изведба, која беше и очекувана, а забележана и на вообичаените тестирања низ американскита патишта.

Конкретни детали не се соопштени за карактеристиките на Wagoneer, но од фотографиите е јасно дека ќе се работи за луксузен автомобил, кој подразбира така подготвен ентериер, голем панорамски кров, три реда седишта и друго.

Wagoneer последен пат се произведуваше три децении и тоа до 1991 година, а модерната интерпретација ќе биде уште еден интересен модел пред се за купувачите во Северна Америка.

Истовремено, Wrangler ќе ги надополни своите оф-роуд квалитети со опција за движење на електричен погон, а на премиерата ќе биде објавени деталите и карактеристиките на оваа 4xe верзија на легендата на Jeep.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider