Skip to content

Вести

Jeep подготвува уште еден модел кој ќе биде поставен под Renegade

Марко Пигоци најави дека идниот „Baby Renegade“ ќе има должина од околу 4 метри, а нема да биде изненадување ако добие и електричен погон уште од почетокот на продажбата

17/12/2019

Успесите на Jeep со подновената гама, ги охрабрија првите луѓе на FCA да дозволат реализација и на некоја од одамна споменуватите идеи за проширување на реномираното семејство.

Во периодот кога во продажните салони треба да дебитираат и првите електрифицирани изведби на Renegade, односно Compass, американскиот бренд потврди дека работи на проект кој ќе донесе мал SUV поставен под, во моментов најмалиот Renegade.

– Овој автомобил ќе може да ги користи препознатливите Jeep карактеристики, но истовремено ќе биде дизајниран за секојдневна употреба, – изјавил Марко Пигоци, првиот човек на Бренд маркетинг секторот на Jeep.

Неговите најави се дека идниот „Baby Renegade“ ќе има должина од околу 4 метри, а нема да биде изненадување ако добие и електричен погон уште од почетокот на продажбата. Промоцијата се очекува во 2022 година.

Без разлика на димензиите и неговата подостапна цена, идниот мал SUV на Jeep ќе го задржи оф-роуд карактерот кој му е гарантиран како генетско наследство од поголемите роднини.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend