Slide 1
Slide 1

Вести

Jeep претстави концепт за електричен Wrangler со мануелна трансмисија

Slide 1
Slide 1

22/03/2021

Jeep традиционално го користи „Истер Сафари“ настанот во Јута за да претстави интересни концепти со кои открива дел од насоките во кои ќе се движи брендот наредните години.

Оваа година е исполнета најавата дека ќе биде претставен концепт за електричен Wrangler, а тој концепт го доби името Magneto.

Поставен на основата на Wrangler Rubicon, Magneto добива електричен погон со 285 коњски сили, со што Jeep вели дека без проблем менува класичен V6 агрегат, а енергијата се складира во четири батериски пакувања сместени на позиции со кои ќе обезбедат оптимална дистрибуција на тежината и кои имаат вкупен капацитет од 70 kWh.

Она по што е уникатен Jeep Magneto е шест-степената мануелна трансмисија, комбинација која не е вообичаена за електричен автомобил, но и за која е прашање дали би останала во игра на почетокот на сериското производство.

Одговорните од Jeep велат дека Magneto ги добива најдобрите карактеристики од автоматска трансмисија, но и директен инпут од возачот преку мануелната трансмисија, што е посебно важно за возачите на Jeep.

Оф-роуд капацитетот на идниот електричен Wrangler не е доведен во прашање, а од Jeep велат дека дури и би овозможил уште подобар фидбек за возачите кои се навикнати на често напуштање на асфалтот.

На оф-роуд настанот во Јута биле промовирани и специјална отворена изведба на класичен Wrangler, посебно опремен и надграден Gladiator, како и рестомод изведба на Commando од 1968 година.

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“