Slider

Вести

Jeep во завршна фаза на подготовка на новата генерација на Grand Cherokee

Slider

Најавите на американските медиуми е дека Grand Cherokee ќе ја добие платформата која ја користи Alfa Romeo Stelvio, со што Jeep ќе ги подобри возните карактеристики и управливоста на својот голем SUV модел

25/08/2020

Новата генерација на Grand Cherokee треба да биде претставена во 2021 година, а се почестите средби со маскирани примероци на големиот SUV по патиштата, означуваат дека Jeep е во завршна фаза на тестирање.

Наследникот на генерацијата која е актуелна од 2011 година ќе добие потрендовски изглед, но тој ќе биде еволуција во однос на актуелниот Grand Cherokee, при што вниманието е насочено пред се кон технолошкиот напредок на автомобилот.

Актуелниот Grand Cherokee ја задржува популарноста меѓу фановите, но тие можат да бидат само позадоволни од изгледот и понудата на неговиот наследник.

Најавите на американските медиуми е дека Grand Cherokee ќе ја добие платформата која ја користи Alfa Romeo Stelvio, со што Jeep ќе ги подобри возните карактеристики и управливоста на својот голем SUV модел.

Во ентериерот очекуван е посилен бран на дигитализација, со помал број на физички команди и поголем централен екран со богат избор на опции и функции.

Jeep ќе го понуди Grand Cherokee и со трет ред седишта, нешто што го дозволува платформата, а можно е премиерата да се случи уште пред крајот на оваа година, за продажбата да стартува во првиот квартал на 2021 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider