Slide 1

Новитети

Jeep воведува електронска контрола на диференцијалот на задната оска во 5-тата генерација на Grand Cherokee

Slide 1

Интересно е што 40-те километри автономија, кои се во рамките на очекуваното, нема да бидат доволни за плаг-ин хибридот да се квалификува за субвенција на најголемиот европски пазар - Германија, која од јануари 2022 ќе субвенционира само плаг-ин хибриди со 60 километри електрична автономија.

30/09/2021

Jeep ја презентираше 5-тата генерација на Grand Cherokee, која ќе дебитира кон крајот на годината. На почетокот на следната година ќе пристигне и плаг-ин хибрид изведбата која ќе се продава во Европа. 

Jeep ги разјасни дилемите за време на онлајн премиерата на 29-ти септември, кога ја претстави новата, петта генерација на Grand Cherokee. Сепак, презентацијата помина без поголеми изненадувања, со оглед на тоа што претходно веќе ја видовме изведбата со подолго меѓуоскионо растојание.

Заради тоа, некои аспекти во однос на дизајнот и опремата беа предвидливи, но “кусиот” Grand Cherokee, сепак, има свои специфики. Една од нив, која посебно нè засега нас – оваа верзија со покусо меѓуоскино растојание ќе се комерцијализира и во Европа, за разлика од L изведбата.

Независни дизајнерски детали

И покрај јасната поврзаност, дизајнерите на Jeep се потрудиле Grand Cherokee да не биде комплетно идентичен со Grand Cherokee L. Разлики има во предната и задната маска во долниот дел, а украсната лајсна на корвот се спушта пред задниот (D) кровен носач. Со ова оптички се издвојува кровот, што е особено воочливо кога кровот е обоен во сјајна црна боја, која ќе биде достапна во иднина.

Уште една забележлива разлика: кај покусата верзија, задните светла се оптички поврзани преку хоризонтална лента.

All-new 2022 Jeep® Grand Cherokee Summit Reserve
2022 Jeep® Grand Cherokee Summit 4xe
All-new 2022 Jeep® Grand Cherokee Trailhawk 4xe
All-new 2022 Jeep Grand Cherokee 4xe Summit Reserve has a standa

All-new 2022 Jeep® Grand Cherokee Summit Reserve
2022 Jeep® Grand Cherokee Summit 4xe
All-new 2022 Jeep® Grand Cherokee Trailhawk 4xe
All-new 2022 Jeep Grand Cherokee 4xe Summit Reserve has a standa
previous arrow
next arrow

Во однос на димензиите, разлика има само во должината. Меѓуоскиното растојание е покусо за 126 милиметри, додека целото возило е безмалку 30 сантиметри покусо – новиот Jeep Grand Cherokee е 4.91 метри долг. 

Споредено, пак, со претходната генерација, новата е неколку сантиметри подолга и во однос на меѓуоскиното растојание, но и во вкупната должина. За 40 литри е зголемен волуменот на багажниот простор.

Луксузен и сериозен ентериер

Кај ентериерот се забележува огромна разлика во споредба со претходната (WK2) генерација која се произведуваше точно 10 години. И покрај високото ниво на луксуз кај претходната генерација, потребно беше модернизирање на кабината, кое е особено воочливо кај новата генерација. Дизајнот на ентериерот е сериозен и конзервативен, со големи дрвени површини и сјајна централна конзола со голем мултимедијален екран.

Новата генерација прави голем исчекор и во однос на електрониката. Новиот мултимедијален Uconnect5 систем има 5 пати поголема процесорска моќ споредено со тој во претходната генерација. Тој овозможува синхронизирање со најновите мапи преку мобилна интернет врска и безжично се поврзува со телефони кои имаат Android и iOS оперативни системи.

Со доплата ќе може да се нарачаат уште три дополнителни екрани: еден за совозачот и два за патниците на задната клупа. За првпат ќе бидат воведени седишта со можност за масирање и амбиентално осветлување кое ќе може да се конфигурира од страна на возачот.

Нови системи за асистенција

Како дополнување на веќе вообичаените системи за автоматско сопирање, управување и одржување во коловозна линија, во новата генерација ќе биде достапна и “night vision” камера со функција за препознавање на пешаци и животни на патот.

Како опција ќе биде достапна и широкоаголна камера со опсег од 360 степени, како и систем за автоматско паркирање. Оваа технологија овозможува второ ниво на автономно возење на новиот Grand Cherokee.

Како дополнување на веќе познатите пакети на опрема, додаден е Summit Reserve пакетот, кој има Palermo кожен ентериер и аудио систем McIntosh со сила од 950 вати. Достапна ќе биде и Trailhawk верзијата, специјално адаптирана за возење во офроуд услови.

Во однос на шасијата, достапна ќе биде Quadra-Lift воздушната суспензија, со која Grand Cherokee ќе може да достигне клиренс од 287 милиметри. Воздушната суспензија е опремена со електронски контролирана адаптивна амортизација. Уште една нова функционалност кај Trailhawk изведбата е стабилизаторот на предната оска, кој може да се активира и деактивира преку копче, (како во случајот со Jeep Wrangler Rubicon), што овозможува подобар контакт со подлогата.

Во европа само како плаг-ин хибрид

За новиот Jeep Grand Cherokee ќе бидат достапни три мотори, но два од нив (3.6 литарскиот V6 со 293 hp и 5.7 литарскиот V8 со 357 hp) нема да бидат достапни во Европа заради Co2 регулативата. Наместо нив, во Европа ќе биде достапен само плаг-ин хибридот Grand Cherokee 4xe. 

Оваа изведба се базира на веќе познатата конфигурација од Jeep Wrangler 4xe: 2-литарски турбо бензински мотор со 272 hp и електричен мотор на предната оска со автоматска трансмисија, наместо конвертор на вртежниот момент. Jeep ја комуницира системската сила на плаг-ин хибридот од 375 hp и 637 Nm системски вртежен момент.

Jeep Grand Cherokee Trailhawk 4xe има максимален капацитет за влечење од 2.72 тони, а е опремен со системот Quadra Drive II, која вклучува офроуд редуктор и електронска регулација на диференцијалот на задната оска. 

Како дополнување, новиот Grand Cherokee Trailhawk 4xe ќе има Selec Terrain System кој вклучува неколку офроуд режими на возење, како и Selec Speed системот. Преку Selec Speed, возачот ќе може електронски да ја дефинира брзината на движење, со што добива еден вид адаптивен темпомат специјализиран за офроуд возење.

Плаг-ин хибрид изведбата ќе има електрична автономија од околу 40-тина километри. Во моментов нема информација во однос на капацитетот на батеријата или системот за нејзино полнење, но се очекуваат идентични перформанси како и кај Wrangler 4xe. Режимите на возење (hybrid, purely electric, eSave) се идентични како оние кај Wrangler. 

Интересно е што 40-те километри автономија, кои се во рамките на очекуваното, нема да бидат доволни за плаг-ин хибридот да се квалификува за субвенција на најголемиот европски пазар – Германија, која од јануари 2022 ќе субвенционира само плаг-ин хибриди со 60 километри електрична автономија.

Повеќе содржини за Jeep:

Со оглед на тоа што плаг-ин хибридот кој најмногу нè интересира, ќе започне да се произведува за пазарот во САД на почетокот на следната година, неговото пристигнување во Европа би требало да се очекува дури следното лето. 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental