Slide

Вести

Jaguar Land Rover има нов бренд идентитет, во кој се намалува значењето на Land Rover

Slide

Групацијата вложува напори во креирање на посилен идентитет за своите SUV модели, кои во минатото не секогаш беа јасно издиференцирани.

14/06/2023

Новиот корпоративен идентитет на групацијата JLR (која претходно беше именувана како Jaguar Land Rover), го насочува деловниот фокус кон четирите подбрендови: Range Rover, Discovery, Defender и Jaguar.

JLR се дефинира себеси како куќа на повеќе брендови, три од кои се генерираа од Land Rover, на кои е додаден и брендот Jaguar.

Групацијата вложува напори во креирање на посилен идентитет за своите SUV модели, кои во минатото не секогаш беа јасно издиференцирани.

Од друга страна, Jaguar ќе прерасне во луксузен електричен бренд.

Логото и името Land Rover ќе остане и ќе биде пропратно поставено на моделите, нешто како што е логото на Intel поставено, односно додадено на компјутерите покрај логото на производителот.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа