Slide

Вести

Јурген Клоп – долгогодишниот бренд амбасадор на Opel, се појави во промотивна кампања за Astra плаг-ин хибрид

Slide

Astra-та која Клоп ќе ја вози низ Ливерпул има исто ниво на опременост како Astra-та која минатиот месец ја имавме на тест. Тоа е Ultimate нивото на опременост, кое вклучува најнова генерација на Intellilux LED светлата.

13/09/2022

“Ова е мое деби во електричната мобилност. Сега возам електрично возило – возбудливо”, беа првите зборови на еден од најуспешните тренери во светот на фудбалот, за време на снимањето на промотивната кампања како дел од соработката со Opel.

Кампањата се снимаше во Ливерпул, во близина на Енфилд Роуд.

Сепак, моделот кој ќе го вози Клоп како дел од соработката со Opel е плаг-ин хибридната изведба на бестселерот на Opel.

За комплетно електричната изведба ќе почекаме до следната година, кога Opel, на истата EMP2 платформа планира да ја лансира комплетно електричната Astra.

Во меѓувреме и плаг-ин хибридната изведба на Astra ќе му овозможи врвни перформанси на Клоп, а тој е навикнат токму на тоа – врвни перформанси. И тимот на autofocus.mk имавше прилика да ја пробаме истата плаг-ин хибридна изведба во околината на Лисабон уште во февруари годинава. 

Врвните перформанси на Astra во однос на конкурентите од компакт класата се илустрирани преку 180-те коњски сили и вртежниот момент од 360 Nm, а Клоп ќе може безгрижно да навигира низ Ливерпул со неа исклучиво користејќи електрична енергија од батеријата, со оглед на електричната автономија од околу 60 километри. 

Тоа е повеќе од доволно за минување на рутата од неговиот привремен дом до стадионот.

Но, Германецот на привремена работа во Англија е импресиониран од изгледот на новата Astra – “Изгледа одлично. Токму вака треба да изгледа еден автомобил”, завршува тој.

Astra-та која Клоп ќе ја вози низ Ливерпул има исто ниво на опременост како Astra-та која минатиот месец ја имавме на тест. Тоа е Ultimate нивото на опременост, кое вклучува најнова генерација на Intellilux LED светлата. Овој систем има по 84 LED диоди во секое од двете предни светла. 

Освен тоа, во опремата е вклучен целосно дигитален “Pure panel” – името кое го користи Opel за геометриската целина која ја формираат дигиталната инструмент табла и централно поставениот екран осетлив на допир. Во Ultimate нивото на опременост тие се градени зад црно стакло, па изгледа како да се работи за еден огромен екран.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан