Новитети
Кабриолет изведбата на Chiron, именувана како W16 Mistral е последниот модел на Bugatti со мотор со 16 цилиндри
Уште едно специфично дизајнерско решение е поставувањето на отворите за воздух странично, зад предниот ред седишта.
Моторот на Bugatti со 16 цилиндри е вистинско ремек дело кога се во прашање моторите со внатрешно согорување, а францускиот производител сѐ уште го има во понудата.
Тој се вградува во моделот Chiron, кој чини нешто повеќе од 3 милиони евра. Отсега истиот мотор ќе се вградува и во моделот W16 Mistral.
Веднаш станува јасно зошто зборот Chiron не е присутен во името на роудстерот: Mistral воопшто не изгледа слично како Chiron.
Овој роудстер е посебен по многу работи, една од нив е обележувањето на крајот на ерата на моторите со 16 цилиндри на Bugatti.


Мате Римац, директорот на Bugatti, бил фан на Bugatti долго пред да биде назначен на оваа функција. Тој постојано нагласува дека менаџментот е решен да се зачува оставштината на производителот Bugatti.
Bugatti со право е горд на акронимот W16 – името се користи за осум-литарски мотори со 16 цилиндри.
Тоа технички е точно, надополнето со 1,600 hp. Овие перформанси за прв пат беа воведени кај Chiron Super Sport 300+.
За Bugatti е важен фактот што ниту енен друг продукциски кабриолет нема толку силни пердоманси.

Во однос на дизајнот на Mistral, во предниот дел највпечатлив е начинот на кој е изведено спојувањето на ветробранското стакло со страничните прозорци, кои заедно формираат една форма на визир.
Уште едно специфично дизајнерско решение е поставувањето на отворите за воздух странично, зад предниот ред седишта.
Но, Мате Римац нагласува дека овие отвори за воздух можат да внесат дури 70,000 литри воздух во минута.
Отворите за воздух се направени од карбон и можат да ја издржат целата тежина на возилото во случај на превртување.
Моделот вклучува најквалитетни материјали од титаниум, алуминиум и најдобра кожа, која според Римац, ќе изгледа исто толку добро и по 100 години од сега.
Ваквиот пристап кон креирање на спортски автомобили има своја цена. Влијание на цената има и ограниченото производство. Имено, само 99 примероци од Mistral ќе бидат произведени, со што ќе заврши ерата на легендарниот осумлитарски мотор со 16 цилиндри.
Цената на еден примерок изнесува најмалку 5.95 милиони евра. И тоа е основната цена. Со дополнително конфигурирање таа може да биде и многу повисока. Но, тоа не претставува проблем за купувачите – целото производство веќе е распродадено.