Slide

Вести

Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје

Slide

Кровот на новиот 500C е составен од специјален двослоен материјал, а е произведен од германскиот добавувач Magna. Со "мекиот" кров може да се маневрира и на брзини до 80km/h.

03/08/2021

Dolcevita – името на специјалната Fiat 500 едиција која производителот од Торино ја лансираше пред две години, сега пристигнува како еден од четирите пакети на опрема на подновената гама на Fiat 500.

Fiat умешно успева да го нагласи педигрето на својата икона преку брендирање на Fiat 500 изведбите со имиња кои асоцираат на одредена приказна која брендот сака да ја пренесе кај купувачите. 

Името Dolcevita треба да предизвика емотивни спомени од златната ера на Италија во втората половина од минатиот век. Fiat 500, кој за првпат беше лансиран во 1957 година, е симбол на оваа ера.

500C е ознаката на кабриолет изведбата на Dolcevita која уште повеќе потсетува на првата едиција на “cinquecento” (1957-1960) чиј кров кој се навртува кон задниот дел на возилото. 

Кровот на новиот 500C е сотавен од специјален двослоен материјал, а е произведен од германскиот добавувач Magna. Со “мекиот” кров може да се маневрира и на брзини до 80km/h.

За враќање во реалноста на 21-виот век придонесува новата технологија која е вклучена во Dolcevita пакетот. Негов составен дел се 7-инчниот екран осетлив на допир, Bluetooth поврзување, гласовни команди, како и можност за mirroring со Apple CarPlay и Android Auto.

Пакетот на опрема Dolcevita ќе предизвика најголемо внимание кај оние чиј заштитен знак е гламурот. Тие ќе може да изберат каросерија во две бои (Gelato/Lunare), а оние кои сакаат да возат хибрид, наместо бензински 1.2 мотор, може да изберат Mild Hybrid изведба со 1.0 мотор и 70КС.

За повеќе информации во однос на Fiat 500C Dolcevita како и останатите три пакети од подновена гама на бестселерот на Fiat, посетете го нивниот официјален сајт.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба