Slider

Стории

Како се создава култен спортист: Alfa Romeo за начинот на кој е подготвена моќната Giulia GTA (Видео)

Slider

Инспириран од успесите во минатото, италијанскиот производител најави ограничен број на примероци на моќната Giulia GTA, која доби дури 540 коњски сили и варијација за на патека позната како GTAm

03/12/2020

Alfa Romeo во 2020 година го одбележа својот 110. роденден со повеќе настани, но она што најмногу ќе го паметат фановите е промоцијата на најмоќната изведба во историјата на брендот.

Инспириран од успесите во минатото, италијанскиот производител најави ограничен број на примероци на моќната Giulia GTA, која доби дури 540 коњски сили и варијација за на патека позната како GTAm.

Супер спортистот кој беше претставен како подарок за фановите за големиот јубилеј е наследник на легендарната Giulia GTA од 1965 година, а Alfa Romeo ја подготви заедно со Sauber, чие искуство од Формула 1 најмногу е искористени во однос на вметнувањето на карбонски влакна во конструкцијата и аеродинамиката.

Alfa Romeo сега објави и мини документарен филм во кој тројца претставници на брендот објаснуваат кои се мотивите, начинот на подготовка и импресиите од Giulia GTA.

Тоа се Арно Леклер, прв човек на брендот за EMEA регионот, Клаус Бусе кој е предводник на дизајнерскиот тим и Фабио Милјавака, кој е задолжен за маркетинг секторот.

Повеќе содржини за Alfa Romeo:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider