Slider

Вести

Калам се повлекува, Ford добива нов главен дизајнер

Slider

25/01/2021

Ford денеска потврди дека Ентони Ло ќе биде нов предводник на дизајнерскиот тим на американскиот гигант, добивајќи ја функцијата потпретседател за секторот дизајн.

Ло ќе го наследи Мори Калам, еминентниот шкотски дизајнер кој во Ford во два периода мина вкупно 20 години и зад себе остава многу значајни модели, a инаку е брат на Иан Калам кој до неодамна беше главен дизајнер на Jaguar.

Калам заминува во пензија оваа пролет, а Ло ќе ја преземе неговата позиција, со што му е укажана сериозна доверба од страна на раководството на Ford Motor Company.

Ло досега беше прв човек за надворешен дизајн во Renault Group, а меѓу неговите најзначајни проекти се неколку атрактивни концепти, како и вторите генерации на успешните Renault Captur и Dacia Duster.

Тој е роден во Хонг Конг, а има работено и за Audi, Mercedes-Benz, како и во европското претставништво на General Motors.

Калам му ја отстапува најодговорната дизајнерска функција со одлично реноме кое зборува за неговата работа, а во него се вклучени дизајните на актуелниот Mustang, ултра-популарниот F-150, како и Maza MX-5 и CX-7, во периодот кога Ford го испрати да помогне во трансформацијата на јапонскиот бренд.

Она што посебно ќе го цени американскиот производител е последната моделска офанзива, во која Калам беше одговорен за новитети како Mustang Mach-E, новиот F-150, како и членовите на подбрендот Bronco.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider