Slide 1

Стории

Календар на сите новитети на Peugeot до 2024 година

Slide 1

Peugeot ќе се обиде да профитира од успехот на својот модел во "C" сегментот преку негова преобразбра во кросовер или кросовер купе изведба.

05/08/2021

По откривањето на новата генерација на 308, Peugeot ќе продолжи со лансирање на нови генерации од своите модели, еден комплетно нов модел, како и хибридни и електрични изведби. Ги откриваме сите новитети кои во следните 3 години ќе ни ги претстави францускиот бренд – членка на Стелантис групацијата.

108 заминува во историјата

Сигурно ќе биде разочарување за дел од фановите на малото градско возило, но тоа ќе престане да се произведува кон крајот на годинава. Истата судбина ќе го снајде и сестринскиот модел Citroën C1 кој нема да добие следна генерација. 

Сегментот на мали градски автомобили има мал пазарен удел поради што е голем предизвик овие возила да бидат профитабилни за производителите. Заради тоа, на ниво на Стелантис групацијата од која се дел и Peugeot, Citroën и Fiat, беше одлучено да се даде предност на Fiat и моделот Panda.

Фејслифт на 208 во 2023

Тековната генерација на 208 нема да има слична иднина како 108-цата. Најдобро продаваниот модел во Франција за 2020 година ќе добие визуелно освежување кое е планирано за летото 2023 година. Со оглед на тековниот успех и прифатеноста на моделот, веројатни се само мали измени. Очекувано е да се претстави и спортска PSE верзија со 170 или 200КС

Кросовер на база на 308 во 2022 година

308-цата е ѕвезда на Peugeot во компакт класата. Третата генерација на моделот која се карактеризира со динамичен изглед, новото лого на брендот и PHEV изведби, беше претставена во март годинава, а се очекува да пристигне во продажните салони во септември или октомври. Неодамна беше најавена и SW изведба чија комерцијализација е најавена за почетокот на следната година.

Peugeot ќе се обиде да профитира од успехот на својот модел во “C” сегментот преку креирање на негова кросовер или кросовер-купе варијанта. Овој модел со должина од 4.5m ќе биде базиран на платформата на 308 и ќе се натпреварува со ривалите како Renault Arkana. Името се уште не е познато, во игра се опциите “4008”, “308 Cross” или “308X”. Презентацијата на овој модел се очекува следната 2022 година, а комерцијализацијата кон крајот на следната или почетокот на 2023 година.

Фејслифт за 508

Што се однесува до седаните, е 508-цата неодамна доби PSE верзија, која ќе има и хибриден погон и 360КС. Тоа ќе биде доволно за седанот на Peugeot да биде конкурентен и актуелен во следните 12 месеци. Потоа, кон крајот на 2022 ќе мора да помине низ фејслифт третман. Фејслифтот ќе биде прилика за воведување на 48-волтен (MHEV) хибриден погон на целата гама на 508. 

Електричен Rifter

Во однос на популарниот Rifter, овој модел на почетокот на годинава доби 100% електрична изведба наречена “е-rifter” со 136КС и 280km автономија, слично како и сестринскиот модел Citroën Berlingo-ë.

Следната генерација на 3008 ќе биде електрична

2008 – атрактивниот B-SUV модел на Peugeot кој беше лансиран лани, веќе се етаблираше помеѓу урбаните кросовери. Тој има бензински, дизел и 100% електрични изведби. Ние ги возевме сите три изведби во областа Прованса во Франција на крајот од 2019 година. Неговиот фејслифт не е планиран пред 2023 година.

Од друга страна, поголемите 3008 и 5008 модели беа обновени кон крајот на минатата година со дизајнерски промени на екстериерот, а Peugeot во нив вгради и дел од новата технологија.

Новата – трета генерација на 3008/5008 се очекува во 2023, најверојатно напролет и ќе има 100% електрична изведба базирана на eVMP платформата. Исто како во случајот со 308, компактниот SUV ќе добие и купе изведба, веројатно дури во 2024 година. 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental