Slider

Вести

Калениус: Daimler нема потреба од помош од државата

Slider

Во периодот во кој компаниите се погласно бараат поддршка од државните власти за премостување на тешкиот период, Ола Калениус како CEO на Daimler тврди дека неговата компанија е во позитивна ситуација

24/03/2020

Актуелната криза ќе донесе намалување на профитот и зацртаните продажни бројки за автомобилските производители, но на германската групација Daimler, која стои зад Mercedes, нема да и биде неопходна помош од државата.

Во периодот во кој компаниите се погласно бараат поддршка од државните власти за премостување на тешкиот период, Ола Калениус како CEO на Daimler тврди дека неговата компанија е во позитивна ситуација.

– Daimler во моментов нема потреба од државна помош. Генерално гледано, индустријата имаше одлично ниво нарачки пред да настапи кризата поради коронавирусот, – изјавил Калениус за „Ханделзблат“.

– Во моментов комуницираме со нашите застапништва околу евентуална поддршка за нив, но досега нема такви чија солвентност е доведена во ризик.

Првиот човек на Daimler е задоволен и од начинот на кој се нормализира ситуацијата во Кина.

– Најголемиот дел од нашите дилери веќе ги отворија продажните салони, купувачите се враќаат во поголем број од ден во ден, – тврди Калениус.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider