Slider

Вести

Канадски милијардер сака да го купи Aston Martin

Slider

Косопственикот на Формула 1 тимот Рејсинг Поинт и татко на Ф1 возачот Ленс Строл, сака да ја прошири својата империја со влегување во автомобилската индустрија и тоа преку луксузниот бренд познат по своите елегантни спортски автомобили

05/12/2019

Успешниот бизнисмен Лоренс Строл планира да го купи британскиот автомобилски бренд Aston Martin, тврдат дел од британските медиуми, меѓу кои и „Аутокар“.

Косопственикот на Формула 1 тимот Рејсинг Поинт и татко на Ф1 возачот Ленс Строл, сака да ја прошири својата империја со влегување во автомобилската индустрија и тоа преку луксузниот бренд познат по своите елегантни спортски автомобили.

Строл стои зад успешни приказни како „Pierre Cardin“, „Ralph Lauren“, „Tommy Hilfiger“, „Michael Кors“ и „Garrard&Co“, а според „Форбс“, неговото богатство е проценето на 2,6 милијарди долари.

Идејата на канадскиот бизнисмен е да инвестира во брендот, но и да го искористи моментот кога Aston Martin влегува во SUV сегментот со неодамна претставениот DBX, за максимално да профитира од во моментов пониската цена на акциите на овој автомобилски производител.

Лоренс Строл е познат и како сопственик на една од највредните колекции на класични модели на Ferrari, a исто така има и свој продажен салон за овој бренд во Квебек.

Двете страни засега не ги коментираат овие шпекулации, но поради берзанската активност, Aston Martin има обврска да ја информира јавноста доколку добие официјална понуда за преземање. Најголем акционер во Aston Martin со околу третина од акциите e компанија блиска до италијанскиот инвестициски фонд Investindustrial, a официјално за првите шест месеци на 2019 година пријави загуба од 80 милиони фунти.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider