Slide
Slide

Новитети

Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа

Slide
Slide

Понудата ќе вклучува и две плаг-ин хибридни изведби, а купувачите ќе може да изберат помеѓу мотори со 180 или 225 hp. И двете опции се состојат од комбинација на 1.6-литарски турбо бензински мотор и 12.4kWh батерија.

06/12/2021

Opel ќе понуди две плаг-ин хибридни изведби од караван изведбата на Astra, која следната година ќе се придружи на хеџбек верзијата.

“Astra Sports Tourer е повеќенаменски модел за новата ера” – изјави Уве Хохгешурц, извршниот директор на Opel.

Караваните сѐ уште се клучни каросериски изведби во компактниот сегмент во Европа, заземајќи 36% од 949,000 продажби на возила од овој сегмент во август годинава.

Германија е најголемиот пазар за овој тип на возила, со околу 40% учество во вкупните продажби на каравани во Европа во 2020, додека, пак, Шведска е земја каде караваните заземаат најголем дел од возниот парк (29%).

Претставници на Opel изјавија дека караван изведбата зазема 40% од тековните продажби на Astra, додавајќи – “Ние очекуваме сличен сооднос на продажбата на хеџбек и караван изведбите и кај новата генерација”.

Astra Sports Tourer ќе биде достапна за нарачки на почетокот на 2022, а првите испораки се очекуваат во јули следната година. Моделот ќе се произведува во Германија, во фабриката на Opel во Риселсхајм. Тековната генерација на Astra Sports Tourer се произведува во Елесмер Порт, во Англија, но во таа фабрика наскоро ќе започне производството на неколку електрични ванови на Stellantis групацијата.

Понудата ќе вклучува и две плаг-ин хибридни изведби, а купувачите ќе може да изберат помеѓу мотори со 180 или 225 hp. И двете опции се состојат од комбинација на 1.6-литарски турбо бензински мотор и 12.4kWh батерија.

Сѐ уште не се објавени бројки за емисиите, но за споредба, хибридните изведби на хеџбек моделот имаат Co2 емисија помеѓу 24 и 31 грам по километар.

Достапни ќе бидат уште два мотори, тоа се 1.2-литарски бензинец и 1.5-литарски дизел. Производителот не објави дали и караван изведбата ќе добие комплетно електричен погон во 2023 година, кога е планирано лансирање на 100% електрична хеџбек изведба на Astra.

Astra Sports Tourer e 4,642мм долга, споредено со должината од 4,374мм на хеџбек изведбата. Разликата делумно е резултат на 57 сантиметри подолгото меѓуоскино растојание. 

Astra Sports Tourer има безмалку идентична должина како и караван изведбата на Peugeot 308, модел со кој ја дели EMP2 платформата. Тековната генерација на Astra, која е во заминување, е поставена на платформа развиена од General Motors.

Багажниот волумен на новата генерација изнесува 608 литри. Плаг-ин хибридните изведби имаат нешто помал багажен простор (548 литри).

Еден од главните конкуренти на Astra Sports Tourer ќе биде Skoda Octavia, модел кој ја има најпродаваната караван изведба во Европа.

Изведбите на Octavia со мотори со внатрешно согорување имаат багажен простор од 640 литри (повеќе во споредба со Astra), но iV плаг-ин хибридните изведби имаат багажен простор од 490 литри, (помалку во споредба со плаг-ин хибридните изведби на Astra).

Што е однесува до внатрешноста, караван изведбата на Astra е опремена со “pure panel” елементот. Тој вклучува два 10-инчни екрани позиционирани еден до друг, едниот во функција на инструмент табла, а вториот – инфотејнмент екран осетлив на допир. И тука се задржани физичките копчиња за некои функционалности, како што е управуањето со клима уредот.

Активната безбедност вклучува функција која според Opel овозможува “полуавтономно менување на коловозни линии”.

Во зависност од спецификацијата, некои модели се опремени со систем кој автоматски ќе ја намали брзината при влегување во остри свиоци, а изведбите со автоматска трансмисија имаат систем кој, доколку нема реакција од возачот, може да го сопре возилото при опасност од колизија.

Помеѓу опционалните функционалности е и head-up дисплејот и интелигентните светла, кои се составени од по 84 LED диоди во двете предни светла.

Секоја од 84-те LED диоди може самостојно да се исклучи за да се намали отсјајот кон возилата кои надоаѓаат од спротивен правец.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1