Slide

Вести

Караваните се најпродавана каросериска изведба на најпопуларните модели во Европа

Slide

Најдобро продаван караван во Европа останува Skoda Octavia, со дури 75% учество во сите продажби на моделот.

12/06/2023

Peugeot и Opel годинава ќе лансираат свои електрични караван изведби, по нив ќе следат VW, Skoda, Audi и BMW.

Серија на најавени лансирања на електрични караван изведби дава дополнителен импулс на зголемувањето на сегментот на електрични возила во Европа.

Еден од главните адути на овие каросериски изведби е подобрата аеродинамика споредено со SUV моделите.

Продажбата на караваните порасна за 7.6% во првиот квартал од годината, а растот е резултат во најголема мера на добрата продажба на моделите Skoda Octavia и VW Passat.

Најдобро продаван караван во Европа останува Skoda Octavia, со дури 75% учество во сите продажби на моделот.

По него следува VW Passat. Интересен е фактот што доколку се анализираат најпродаваните 10 караван изведби во Европа овие изведби најчесто се прв избор на купувачите. На пример, 80% од продадените Audi A4 во првиот квартал се караван изведби, додека кај BMW 3 Series, овој процент изнесува 71.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа