Вести
Карлос Гон го советува Nissan да го забрза развојот на електрични модели ако сака да остане компетитивен
Според Гон, новите играчи во индустријата, како што се Tesla и кинеските брендови имаат предност над конвенционалните производители. Тој предупредува дека компаниите како Nissan мора побргу да се адаптираат на новите околности.
Според поранешниот директор на Nissan, брзината на транзицијата кон електрични возила ќе го одреди победникот то трката за освојување на електричниот сегмент.
Поранешниот претседател на одборот на Nisan, кој и самиот беше пионер во однос на електричната технологија уште пред една деценија, сега вели дека е крајно време за автоиндустријата комплетно да го префрли фокусот кон електричните возила.
Тој настапува критички кон Nisasn, тврдејќи дека на производителот му недостасува визија за новата ера.
Според Гон, новите играчи во индустријата, како што се Tesla и кинеските брендови имаат предност над конвенционалните производители. Тој предупредува дека компаниите како Nissan мора побргу да се адаптираат на новите околности.
“Брзината со која компаниите ќе се адаптираат ќе биде решавачка во однос на победникот во електричната ера”, изјави Гон за време на онлајн прес конференција.
Гон престојува во својот дом во Бејрут, каде има статус на меѓународен бегалец. Тој беше обвинет во Јапонија за наводни финансикси злоупотреби, но пред две години успеа да им избега на јапонските власти, скриен во голема кутија за музички инструменти.
Тој тогаш успеа да го искористи невниманието на надлежните органи во Јапонија за време на католичкиот Божиќ, па најпрво го напушти Токио со воз, по што, како на филм, со приватен авион, скриен во кутија за музички инструмент избега во Истанбул, по што веднаш со друг авион стигна и во Либан. Гон има либанско и француско државјанство.
Гон, кој тврди дека е невин, вели дека денешната популарност на електричните возила го потврдува неговото визионество во однос на лансирањето на Nisasn Leaf уште во 2010 година. Сепак, лансирањето на овој модел се чини дека беше преурането, бидејќи очекувањата беа да се продадат стотици илјади примероци, но резултатите не беа остварени.
Сепак, Гон, кому скромноста не му е силна особина, не пропушта да ја дефинира својата одлука како визионерска: “Кога го лансирав првиот масовен електричен модел сите останати нѐ исмеваа, велејќи дека сме изгубени”.
“Но сега, истите тие производители се во трка за лансирање на електрични модели и инвестираат стотици милијарди евра во електричните возила,” завршува Гон.