Slide

Вести

Карлос Гон испрати порака од Либан и потврди дека е недостапен за јапонскиот суд

Slide

31/12/2019

Поранешниот прв човек на алијансата Renault-Nissan, Карлос Гон, повторно стана топ-тема на светските медиуми, откако утринава потврдил дека ја напуштил Јапонија и се наоѓа во Либан, земјата каде пораснал пред да се пресели во Франција.

Гон очекуваше судење во Јапонија каде е обвинет за финансиски измами додека бил предводник на Nissan, но и на алијансата со францускиот гигант Renault, но на „мистериозен“ начин успеал да се најде на територијата на Либан.

Досега тој се жалеше на тешките услови во Јапонија, каде судските власти не му дозволуваа ниту контакт со сопругата додека беше во домашен притвор, а логично му беше забрането и напуштање на земјата.

– Сега сум во Либан и веќе нема да бидам заложник на лажниот јапонски судски систем каде вината се базира на претпоставка, а дискриминацијата е реалност, а ми беа ускратени сите човечки права.

– Не побегнав од правдата, туку побегнав од неправда и политички прогон, – напишал утринава Гон.

Јапонските власти велат дека не знаат како тој стигнал во Либан, но немаат многу опции за да го вратат назад, бидејќи Либан и Јапонија немаат меѓусебен договор за екстрадиција, а Гон кој е роден во Бразил, поседува либански пасош поради потеклото на неговите родители.

Извори од Либан пренесуваат дека Гон пристигнал во својата татковина со приватен авион и со друг идентитет. Еден од изминатиов период највлијателните менаџери во автомобилската индустрија беше обвинет по четири точки и можеше да добие затворска казна од 15 години доколку судот ја потврдеше вината по сите обвиненија.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба