Slide

Стории

Карлос Таварес бара од добавувачите да ги покријат дополнлтелните трошоци кои ги предизвикува електрификацијата

Slide

Според Таварес, 85% од вредноста на возилото во моментот кога ќе ја напушти фабриката се однесуваат на вградените надворешни компоненти.

04/03/2022

“Stellantis ќе мора да најде начин да ги амортизира дополнителните трошоцои за развој и производство на електрични возила”, изјави извршниот директор на групацијата, Карлос Таварес, нагласувајќи дека тие трошоци може да ја отежнат профитабилноста во следните 5 години.

“Може да очекуваме дека електрификацијата ќе ги оптерети продукциските трошоци за дополнителни 40 до 50%, во споредба со конвенционалните погони”, додаде тој на средба со инвеститорите минатата седмица. “Немаме начин како да ги пренесеме тие дополнителни трошоци на потрошувачот”.

Поради истата причина, Stellantis нема да може да ги задржи цените на тековните нивоа “бидејќи така ќе почнеме да правиме загуби и ќе мора да се реструктурираме. Единствен начин да се движиме напред е да ги апсорбираме тие дополнителни 50% трошоци”, завршува Таварес.

Една студија направена пред две години од страна на консултантската компанија Oliver Wyman покажа дека производството на електрични возила е околу 45% поскапо споредено со производството на возила со мотори со внатрешно согорување. Според резултатите од истата студија, оваа разлика во трошоците ќе опстои во следните десетина години.

Според Таварес, за Stellantis да го задржи двоцифрениот оперативен профит, мора да најде начин во следните 5 години да ја зголемува продуктивноста за околу 10% годишно. За споредба, досегашното зголемување на продуктивноста во автомобилската индустрија изнесуваше околу 2 до 3 проценти годишно.

Според Таварес, еден начин да се постигне ова е да се промени дистрибуцискиот модел, процес кој Stellantis веќе го започна. Минатото лето групацијата најави дека планира да имплементира агенциски малопродажен модел во Европа.

Тоа би ѝ овозможило поголема контрола на групацијата врз начинот на кој се продаваат возилата, како и намалување на маржата која ја плаќа на дилерите во замена за преземање на дел од новите трошоци.

Според новиот модел, Stellantis би ги покривал трошоците за дистрибуција, залихи и продажни бонуси (insentives). Првиот дел од новите договори би требало да бидат активирани кон средината на 2023 година.

Според Таварес, иако Stellantis работи подобро од најголем дел од конкурентите, со вкупен адаптиран оперативен профит од 11,8% во 2021 година, мора да продолжи да наметнува поголема ефикасност.

“Од моето 40-годишно искуство во автомобилската индустрија научив дека штом престанете да правите притисок, започнувате да се движите наназад. Ова е компетитивна игра” – додаде тој.

Добавувачите се уште еден сегмент во кој Stellantis се обидува да ги намали трошоците. Добавувачите во Северна Америка изјавија негодувања поради новите услови во договорите, но овие извештаи не беа прокоментирани од страна на Таварес. 

“Потребно е нашите добавувачи да придонесат во ситуација на  зголемени трошоци”. Според Таварес, 85% од вредноста на возилото во моментот кога ќе ја напушти фабриката се однесуваат на вградените надворешни компоненти. Заради тоа “кога сте во ситуација да морате да апсорбирате дополнителни 50% трошоци заради електрификацијата, не треба да ве изненадува тоа што добавувачите ќе мора да бидат клучен фактор во дополнителното зголемување на продуктивноста”.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди