Slide

Вести

Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis бара од ЕУ да воведе повисоки царини за кинеските производители

Slide

Кинеските брендови во моментов плаќаат 10% царина при извоз во Европската унија, додека европските производители плаќаат помеѓу 15 и 25% при извозот во Кина на автомобилите произведени во Европа.

20/10/2022

“Кинеските автомобилски производители кои ги извезуваат своите производи во ЕУ треба да го имаат истиот третман како европските производители кога ги извезуваат своите автомобили во Кина”, изјави Карлос Таварес.

“Многу е едноставно – треба да побараме од Европската Унија да овозможи кинеските производители при извоз во ЕУ да ги имаат истите услови кои ги имаме ние при извозот во Кина”, додаде тој за време на автомобилскиот саем во Париз.

Тој нагласи дека кинеските брендови во моментов плаќаат 10% царина при извоз во Европската унија, додека европските производители плаќаат помеѓу 15 и 25% при извозот во Кина на автомобилите произведени во Европа.

Ова е многу важно особено оваа есен бидејќи голем број на кинески производители како што се BYD, MG, Great Wall и Polestar започнуваат своевидна офанзива на европскиот пазар со компетитивните модели произведени во Кина.

Кинеските брендови засега имаат 5% пазарно учество во сегментот на електрични возила.

Според Таварес, кинеските производители ќе се обидат да пенетрираат на европскиот пазар преку продавање на нивните автомобили и под цената на чинење, за да придобијат купувачи во прво време.

“Европскиот пазар е широко отворен за Кинезите и ние не знаеме дали нивната стратегија подразбира заземање на пазарен удел преку првично продавање на автомобилите и со загуба, за подоцна, штом го освојат пазарот, би ги зголемиле нивните цени”, додава тој.

Таварес регаираше и на неодамнешните планови на администрацијата на Џо Бајден да воведе даночни олеснувања за автомобилските производители кои ги произведуваат компонентите за електричниот погон на своите возила во САД. 

На линија на Таварес е и францускиот Претседател Макрон, но тој нагласи дека за било каква реакција потребен е широк консензус од страна на членките на ЕУ.

“Американците ги фаворизираат домашните производители и имаат многу агресивна политика на државно ниво. Кинезите, пак, го затвораат својот пазар. Не смееме ние да бидеме единствените кои нема да направиме ништо за да ги наметнеме нашите производи”, изјави Макрон.

Било каква иницијатива за зголемување на царините може да наиде на отпор во Германија, чии автопроизводители веќе се присутни во Кина и би сакале да го задржат тековниот пазарен удел таму.

Имено, покачувањето на царините може во Кина да биде сфатено како провокација од страна на ЕУ, по што кинеските купувачи би започнале да ги избегнуваат европските производители.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск