Slide

Стории

Карлос Таварес потврди дека и Stellantis ќе започне да ги користи новите подостапни батерии по примерот на Tesla

Slide

Подостапните батерии, со литиум железо фосфат, имаат конкурентна предност бидејќи во нив не се вклучени скапите и ретки елементи како што е никелот, кобалтот и манганот.

27/02/2023

Европските автомобилски производители се соочени со зголемен притисок од страна на конкурентите кaко Tesla, кои во дел од своите модели веќе ги вградуваат батериите со литиум железо фосфат.

Во моментов европските автомобилски производители ги користат помоќните, но и поскапи NMC батерии составени од никел, манган и кобалт. Но, ова ги прави помалку конкурентни од ривалите, кои во последните неколку години започнаа во своите поевтини модели да ги вградуваат и поевтините батерии кои содржат литиум железо фосфат.

“Ни требаат овие нови батерии и наскоро ќе започнеме да ги користиме бидејќи ни е потребна подобра конкурентна позиција за електричните возила од средната клаза”, изјави Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis. 

Тој не даде конкретна најава за тоа кога може да очекуваме овие батерии да започнат да се вградуваат во брендовите во рамки на групацијата, помеѓу кои се и Peugeot, Citroën, Opel и Fiat.

Според Таварес, единствена отворена дилема е тоа од каде групацијата ќе реши да ги набавува овие батерии, дали од Европа или Азија.

Имено, групацијата веќе има план кој е во фаза на реализација, а се однесува на производството на “традиционалните” батерии со никел, манган и кобалт. Тие ќе се произведуваат во неколку фабрикии во северна Франција, Германија и Италија (преку заедничко вложување со Mercedes-Benz и Total Energies).

Првата фабрика, во Дуврин, Франција, ќе започне да произведува пробни единици во втората половина од годинава, а на почетокот од 2024 се очекува комплетна подготвеност на капацитетите за старт на производство со полн капацитет.

Подостапните батерии, со литиум железо фосфат, имаат конкурентна предност бидејќи во нив не се вклучени скапите и ретки елементи како што е никелот, кобалтот и манганот.

Tesla ги користи овие батерии, кои ги набавува од кинеската CATL, а ги вградува во изведбите на Model 3 и Model Y. Tesla на почетокот од годинава реши да ја намали цената на овие два модели во Европа за околку 15%.

Истите батерии ги користат и кинеските премиум брендови како Nio и Xpeng, како и брендот MG.

MG, кој во моментов е во сопственост на кинеската SAIC, ги вградува литиум железо фосфат батериите во најевтините изведби на компактот MG4, кој е конкурент во сегментот на VW ID3 и Peugeot e-208.

Во моментов Кина е доминантен, односно безмалку единствен производител на ваквите батерии, со оглед на фактот што во оваа азиска земја се произведува 99.5% од глобалното производство.

Се очекува до крајот на декадава, и покрај напорите на Европјаните за диверзификација на производствените капацитети, сепак 97% од производството сѐ уште да биде лоцирано во Кина.

Во однос на диверзификацијата на производството, CATL ги проширува своите производствени капацитети на европско тло, и кон крајот на минатата година ја започна фазата на пред-производство во новата фабрика за производство на батерии со капацитет од 14 gWh, лоцирана во Ерфурт, Германија.

Stellantis, токму во соработка со CATL, планира да добавува батерии од фабриката која кинеската компанија ја подготвува во градот Дебрецен, во Унгарија. Оваа фабрика се очекува да започне со производство по 2025 година.

Но, од оваа фабрика батерии очекуваат и Mercedes, Volkswagen Group и BMW.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа