Slide

Новитети

Kia EV9 ќе има 2 LiDAR сензори кои ќе овозможат трето ниво на автономно управување

Slide

Преку 800-волтната технологија за полнење, возилото може да добие 239 километри автономија по 15-минутно полнење.

29/03/2023

Неодамна најавениот голем SUV на Kia, електричниот EV9, освен моќен електричен погон, ќе има вградено и технологија која ќе овозможи трето ниво на автономно управување.

Овие карактеристики треба да го позиционираат електричниот SUV на врвот од портофлиото на корејскиот производител.

“EV9 ќе биде знаменосец на брендот”, изјави Хо Сунг Сонг, извршниот директор на Kia. “Освен тоа, овој модел ќе има клучна улога во дефинирањето на иднината на брендот”, додаде тој.

Kia за првпат ги објави и техничките детали за овој модел, по што е јасно дека EV9 ќе има изведби со заден погон и изведби со погон на сите тркала. Овие изведби ќе може да се комбинираат со стандардната и поголемата батерија.

Моделот со поголема батерија и заден погон ќе има околу 541 километар автономија. Преку 800-волтната технологија за полнење, возилото може да добие 239 километри автономија по 15-минутно полнење.

Стандардниот модел со заден погон ќе има батерија со капацитет од 76.1 kWh, додека поголемата батерија со капацитет од 99.8 kWh ќе биде достапна во изведбите со заден погон како и во изведбите со погон на сите тркала.

Изведбите со заден погон и поголема батерија ќе имаат електричен мотор со сила од 150 kW, кој овозможува забрзување од 0-100 km/h за 9.4 секунди. Стандардната изведба со заден погон и помала батерија ќе има малку посилен мотор со сила од 160 kW, кој овозможува забрзување од 0-100km/h за 8.2 секунди. 

Изведбите со погон на двете оски ќе имаат два електрични мотори со системска сила од 283 kW, кои овозможуваат забрзување од 0-100 km/h за 6 секунди.

Импресивен податок е оној за коефициентот на отпор (0.28), со оглед на коцкастата силуета на овој голем SUV.

Малиот коефициент на отпор е постигнат преку неколку функционалности, помеѓу кои е и панел во 3D форма под подвозјето кој во предниот дел има конвексна форма, а конкавна форма во задниот дел.

Сонг најави дека инженерите развиваат и GT верзија на EV9, која ќе пристигне на почетокот на 2025 година. Но, тој не објави детали околу цената на овој SUV, кој ќе може да се нарача во конфигурација од 6 или 7 седишта.

Моделот во Европа се очекува да пристигне во втората половина на годинава.

Промотивното видео за EV9, меѓудругото, ги нагласува и софтверските функционалности како што се безжичните надградби.

Понатаму, GT-line изведбите на EV9 ќе бидат опремени со систем кој ќе овозможи трето ниво на автономно управување, под одредени околности и на одредени пазари, односно онаму каде што регулативата го дозволува тоа. Технологијата ќе овозможи управување на возилото без потреба рацете да на возачот да бидат на воланот, сѐ додека системот не го побара тоа од возачот. 

Сепак, Kia не објави за кои пазари ќе биде достапна оваа функционалност. Она што е познато е дека системот има 15 сензори, од кои 2 LiDAR сензори кои овозможуваат 360 степени поглед околу возилото.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба