Skip to content

Вести

Kia Futuron – Концепт за SUV иднината на корејскиот бренд

Дизајнерската најава за идните SUV модели на Kia ја потврдуваат прогресивната филозофија на корејскиот бренд, кој го реинтерпретираше и веќе легендарниот „тигров нос“

05/11/2019

Концептот Futuron дебитира во Шангај, а од кинеска територија испраќа моќна порака за иднината на Kia и начинот на кој корејскиот бренд планира да ги развива своите електрични SUV модели, членови на сегментот кој ќе има сериозна популарност наредните децении.

Futuron делува како е да извајан од едно парче метал, неговата SUV купе силуета прави комбинација на модерното и футуристичкото, а овој автомобил користи целосно електричен погон придвижуван од батерија чиј капацитет останува непознат.

Дизајнерската најава за идните SUV модели на Kia ја потврдуваат прогресивната филозофија на корејскиот бренд, кој го реинтерпретираше и веќе легендарниот „тигров нос“ во насока во која тој добива поинаков изглед, но останува доминантен на предниот дел на автомобилот.

Поголемата широчина на маската се вклопува одлично со новите светла чиј концепт „ѕвезден облак“ ќе го истакнува Futuron на уникатен начин во вечерните часови. Истиот концепт е искористен и во ентериерот и на задните светла, a доминантната појава ја комплетираат големите тркала и силуетата со две врати.

Ентериерот е во знакот на придобивките од четвртото ниво на автономното возење, па кога возачот ќе му ја препушти основната функција на авто-пилотот, предните седишта можат да се спуштат наназад и да се претворат во комотно место во бизнис класа и да се ужива во содржините на инфо-забавниот систем.

Овој електричен концепт на Kia e долг 3.850 милиметри и има меѓуоскино растојание од 3.000 милиметри, користи погон на четири тркала и моќна батерија чија енергија придвижува четири електро-мотори, а засега Корејците не објавуваат детали за овој сегмент.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend