Slider

Новитети

Kia ги објави сите детали за четвртата генерација на Sorento

Slider

Уште од почетокот на продажбата најавен за крајот на годината, Kia Sorento ќе биде достапен и како самополнечки хибрид со 230 коњски сили, а подоцна ќе биде претставена и плаг-ин хибрид изведба со погон на четири тркала

18/03/2020

Откажувањето на Саемот во Женева привремено ја одложи и премиерата на новата генерација на Kia Sorento, но корејскиот производител сега официјално ги претстави сите детали за својот најголем SUV во европската понуда.

Инспириран од поголемиот Telluride кој се продава во Северна Америка, новиот Sorento доби поголема еволуција на дизајнот, како и на популарниот „тигров нос“ кој останува заштитен знак на предниот дел и на оваа Kia.

Како глобален модел кој од 2002 година е продаден во 3 милиони примероци, од кои 300.000 во Европа, Kia за Sorento подготви целосно нова платформа која го поддржува процесот на електрификација, а истовремено ќе овозможи и поголем простор и комфор за сите патници.

Во однос на практичноста, во конфигурацијата со пет седишта, Sorento ќе располага со багажен простор од 910 литри, додека при користење на седум седишта, зад третиот ред останува простор за 187 литри.

Производителот најавува голем напредок и во кокпитот, поточно амбиент со кој Sorento јасно навестува употреба на поквалитетни материјали, трендовски дизајн и дигитализација, а во таа насока одат 12,3-инчната дигитална инструмент табла и 10,25-инчен екран осетлив на допир.

Уште од почетокот на продажбата најавен за крајот на годината, Kia Sorento ќе биде достапен и како самополнечки хибрид со 230 коњски сили, а подоцна ќе биде претставена и плаг-ин хибрид изведба со погон на четири тркала. Во понудата останува и 2.2-литарскиот дизел мотор, кој ќе понуди 202 коњски сили.

Примероците за европските пазари и во иднина ќе се произведуваат во фабриката во Хвасунг, Јужна Кореја.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider