Slider

Новитети

Kia ги претстави првите детали за новата генерација на Sorento

Slider

Kia го истакнува фактот дека Sorento користи целосно нова платформа и неговиот дизајн е резултат на соработката меѓу дизајнерските студија во Европа, САД и Јужна Кореја

17/02/2020

Полека, но сигурно, Kia ги открива деталите за новата генерација на Sorento, чија премиера е најавена за претстојниот Саем во Женева.

Корејскиот бренд веќе лиферуваше скици од кои можеше да се добие добра слика за она што се подготвува со дизајнот на Sorento, а сега имаме и официјални фотографии кои го претставуваат изгледот на SUV знаменосецот на Kia.

Новиот Sorento носи интересна и специфична комбинација на робустност и естетика со повлечените линии од дизајнерите, а неговата зрелост е лесно забележлива и по начинот на кој е профилиран ентериерот кој ќе ги привлече оние купувачи кои сакаат да се поблиску до премиум друштвото.

Покрај новата интерпретација на „тигровиот нос“ на предниот дел, корејскиот бренд се реши за автентичен изглед и на задните светслосни елементи, а во кок-питот, возачот ќе добие 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 10,25-инчен централен екран.

Kia го истакнува фактот дека Sorento користи целосно нова платформа и неговиот дизајн е резултат на соработката меѓу дизајнерските студија во Европа, САД и Јужна Кореја, а со следните детали ќе бидат потврдени и еволутивните чекори во другите сегменти поврзани со автомобилот.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider