Slide 1

Новитети

Kia ги задржа дизел моторите кај новиот Sportage со вградување на специјални катализатори за азотни оксиди

Slide 1

Според информациите кои ги добивме од импортерот на Kia за Македонија, производството на моделот се очекува да стартува на 01 ноември, а првите примероци во Македонија треба да пристигнат пред крајот на годината.

02/09/2021

По светската премиера во јуни, Kia ја претстави и покусата верзија, наменета само за европскиот пазар која ќе се произведува во фабриката на Kia во Жилина, Словачка. Од следната среда, фановите на Kia ќе може за прв пат да го видат моделот и на IAA Mobility во Минхен.

Според информациите кои ги добивме од импортерот на Kia за Македонија, производството на моделот се очекува да стартува на 01 ноември, а првите примероци во Македонија треба да пристигнат пред крајот на годината.

И двете верзии на Sportage доживеаја крупни визуелни промени во однос на актуелната четврта генерација. Во предниот дел доминираат LED Matrix светлата кои се надополнети со дневните светла во форма на бумеранг.

Како што веќе најавивме, надворешните ретровизори се поставени на самите врати. Покривот, во безмалку хоризонтална линија, се спушта сè до задниот спојлер.

Како што беше забележливо и од скиците кои Kia ги објави пред една седмица, во европската верзија недостасува третиот ред прозорци. Во GT-Line изведбите Sportage добива и црн покрив.

Европската верзија, иако покуса од таа за останатите пазари, сепак, е поголема во однос на претходната, четврта генерација. Според податоците, новиот Sportage е 4.515мм долг, 1.865мм широк и 1.645мм висок. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.680мм. Багажниот простор има капацитет од 591 литри. Со притискање на копче, седиштата на задната клупа се преклопуваат во однос 40:20:40. Со нивното спуштање се добива товарен волумен од 1.780 литри.

Во ентериерот доминираат дигиталната инструмент табла и инфотејнмент екранот, кои се споени во една визуелна целина. Како дополнување, 5-тата генерација на Sportage добива серија на функционалности кои се однесуваат на конективноста. 

Можни се и “Over-the-Air” надградби на софтверот, а од системите за асистенција во возењето достапни ќе бидат системот за задржување во лента, адаптивен темпомат и предупредување за возило во “мртов” агол. Автоматскиот “shift-by-wire” менувач ќе овозможи побрзо пренесување на командите од возачот кон системот за трансмисија.

Новиот Sportage ќе овозможи електронска контрола на суспензијата. Неколкуте режими на возење ќе овозможат полесно управување при возење низ снег, кал или песок. 

1920-Sportage-1-scaled
1920-Sportage-2-scaled
1920-Large-17744-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17745-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17746-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17749-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17750-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17752-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17763-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17764-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17765-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17766-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17771-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17772-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope
1920-Large-17780-Theall-newKiaSportageApioneeringSUVdesignedanddevelopedforEurope

previous arrow
next arrow

Во зависност од пазарите, се очекува Kia да воведе хибридни и плаг-ин хибридни изведби. Плаг-ин хибрид изведбата треба да дебитира на IAA Mobility заедно со останатите изведби планирани за европскиот пазар. Понудата ќе биде базирана на 1.6 литарскиот турбо бензински мотор со четири цилиндри со 180КС, кој во плаг-ин хибрид изведбата ќе биде надополнет со електромотор со сила од 67kW. Капацитетот на батеријата изнесува 13.8kWh. Вкупната сила изнесува 265КС.

Во хибридната изведба електромоторот со сила од 44.2kW ќе може да се комбинира и со 1.6 Т-GDI мотор со комплетна излезна сила од 230КС. За во иднина производителот најави и благ хибрид со истиот мотор, кој во оваа изведба ќе биде надополнет со 48-волтна хибридна технологија и сила од 150 и 180КС.

Забележливо е дека засега Kia продолжува да ги користи дизел моторите. Тие се дополнети со SCR систем за прочистување на издувните гасови, како и катализатор за азотните оксиди (NOx).

И бензинските и дизел изведбите може да се комбинираат со седум-степена трансмисија со двојна спојка. Како алтернатива и за двата погона стои на располагање шест-степена мануелна трансмисија. 

Фановите на Sportage со нетрпение ќе ги очекуваат првите примероци од 5–тата генерација од најпродаваниот модел на Kia во Европа, но и во Македонија: Според податоците од импортерот, минатата година продажбите на атрактивниот SUV изнесувале дури 60% од вкупните продажби на Kia во нашата земја.

Повеќе содржини за Кia:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental