Skip to content

Новитети

Kia го надгради Ceed семејството со две плаг-ин хибрид изведби

Плаг-ин хибридите на Kia комбинираат 1.6-литарски бензински мотор и електро мотор (44,5 kW) со вкупна моќност од 141 кс, a енергијата ќе биде складирана на литиум-јон батерија со капацитет од 8,9 kWh

16/01/2020

Процесот на електрификација кај Kia донесе официјален почеток на продажбата и на плаг-ин хибрид изведби на моделите Ceed SW и Xceed, кои отсега ќе бидат достапни со можност за користење на секојдневните придобивки од автономијата на електрична енергија.

Корејскиот бренд реши да го надополни своето електрифицирано портфолио со два интересни модели, па практичниот Ceed SW ќе ја зголеми својата функционалност во PHEV изведба, нешто што сигурно ќе биде многу значајно и за кросоверот XCeed, кој пристигна во продажните салони во последниот квартал на 2019 година.

Овие две електрифицирани изведби ќе бидат првите кои Kia ќе ги произведува на европска територија, односно во фабриката во Жилина, а за истите ќе важи 7-годишната гаранција карактеристична за овој производител.

Плаг-ин хибридите на Kia комбинираат 1.6-литарски бензински мотор и електро мотор (44,5 kW) со вкупна моќност од 141 кс, a енергијата ќе биде складирана на литиум-јон батерија со капацитет од 8,9 kWh.

Иако кај хибридите најчесто се употребува CVT трансмисија, Kia се реши за 6-степена трансмисија со двојна спојка, која според производителот ќе обезбеди подобри карактеристики за погонската единица.

Батеријата на PHEV изведбите на XCeed и Ceed SW може да се наполни за помалку од два ипол часа со 3,3 kW полнач, а автономијата на електричен погон која ја најавува производителот е 60 километри.

Плаг-ин хибрид изведбите ќе се разликуваат и визуелно од класичните роднини, па покрај промените на маската на предниот дел која ќе биде затворена за да ја подобри аеродинамичноста, во ентериерот возачот ќе може да ја следи ситуацијата со батеријата и нејзиниот статус на посебен индикатор, но и на 10,25-инчниот екран или 12,3-инчната дигитална инструмент табла.

XCeed и Ceed SW ќе добијат и навигација, како и систем за вентилација и климатизација кој ќе се активира со една команда, е ќе значи користење само на дифузерите околу возачот, што ќе штеди енергија во ситуациите кога не е потребно користење на останатите позиции.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend