Slider

Новитети

Kia го надгради Rio со технологија и интелигенција, фејслифтот достапен и како благ хибрид

Slider

Четвртата генерација на Rio и досега имаше успешни резултати, но Kia реши да и овозможи важна пред се технолошка надградба, со која планира да биде во врвот на класата

26/05/2020

Kia денеска ги сподели информациите и деталите за освежената изведба на малиот Rio, автомобил кој како претставник во Б сегментот има многу важна улога за корејскиот производител на европско тло.

Четвртата генерација на Rio и досега имаше успешни резултати, но Kia реши да и овозможи важна пред се технолошка надградба, со која планира да биде во врвот на класата.

Покрај дизајнерското освежување кое е неминовно, но го задржува препознатливиот имиџ на Rio, во иднина овој модел ќе биде достапен и со 1.0-литарски турбо мотор со 48V технологија на благ хибрид, што ќе влијае на неговата економичност и потентност, а позитивните резултати ќе ги остварува со помош на интелигентната мануелна трансмисија.

Новиот „Smartstream“ мотор располага со истата моќност, 100 или 120 коњски сили, но кај помоќната изведба стигнува до вртежен момент од 200 Nm. Во понудата ќе биде и ревидираниот 1.2-литарски атмосферски мотор со 84 коњски сили под поклопецот.

Kia Rio напредуваше и во однос на технолошката поткованост на инфо-забавниот систем, преку 8-инчниот екран осетлив на допир се добиваат понапредни опции, вклучувајќи го и поврзувањето со Android Autо и Apple CarPlay.

Безбедносните системи постојано еволуираат, а во Kia Rio ќе бидат достапни најголем број од нив, при што дел се вклучени и во сериската опрема.

Повеќе содржини за мали автомобили

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider