Slide

Новитети

Kia го надгради Stonic со повеќе технологија и MHEV изведби

Slide

Она што производителот посебно го истакнува е комбинацијата на турбо-бензинците со 48V технологија, при што Stonic како благ хибрид ќе комбинира помала потрошувачка со дополнителен вртежен момент и почесто деактивирање на моторот во ситуации кога движењето е овозможено и без него

05/08/2020

Кросоверот Stonic доби надградба која пред се е поврзана со погонските единици и технологијата, бидејќи Kia реши да го задржи речиси идентичниот дизајн на екстериерот, со освежување само на LED светлата.

Во ентериерот има поголем избор за персонализација, Kia Stonic ќе добие 8-инчен екран осетлив на допир во стандардната опрема, а достапни ќе бидат и безжични Apple CarPlay и Android Auto.

Она што производителот посебно го истакнува е комбинацијата на турбо-бензинците со 48V технологија, при што Stonic како благ хибрид (MHEV) ќе комбинира помала потрошувачка со дополнителен вртежен момент и почесто деактивирање на моторот во ситуации кога движењето е овозможено и без него.

Изведбата со стартер/генератор и 48V литиум-јон батерија ќе биде достапна кај 1.0-литарските мотори со 100 и 120 коњски сили, а новитет е и „clutch-by-wire“ технологијата на шест-степениот мануелен менувач.

Во иднина и 1.0-литарскиот турбо бензинец со 100 коњски сили и 1.25-литарскиот атмосферец со 85 коњски сили ќе бидат достапни со шест-степен, наместо со пет-степен менувач.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба