Slide 1
Slide 1

Вести

Kia ја најави новата генерација на Sportage

Slide 1
Slide 1

31/05/2021

Популарноста на моделот Sportage, генерира посебно внинамание во редовите на Kia при подготовката на новата генерација, која полека се ближи кон завршните фази.

Корејскиот производител веќе ги претстави првите рендер фотографии со дел од изгледот на новиот Sportage, кој очекувано ќе ја следи новата дизајнерска филозофија, која неодамна беше најавена со премиерата на електричниот EV6.

Sportage во неговата петта генерација ќе биде SUV модел со чист, но и динамичен дизајн, различен од своите ривали и лесно препознатлив при секое соочување со него на улица.

Новото лого на Kia ќе биде имплементирано на предниот и задниот дел, а брендот најавува и иновативни технологии и многу повеќе комфор и простор за сите патници во Sportage.

Премиерата на новиот Sportage е најавена за во јули, а производителот дотогаш ќе открие уште неколку детали кои ќе навестат што може да очекуваме од еден од најпопуларните SUV модели и во нашата земја.

Повеќе содржини за Kia:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови