Slider

Вести

Kia ја најави премиерата на новиот Sorento на Саемот во Женева

Slider

SUV знаменосецот на корејскиот бренд зад себе има над 3 милиони продадени примероци откако се појави на пазарот во 2002 година, а со секое ново издание еволуираше според најновите технолошки и технички трендови

04/02/2020

Четвртата генерација на Kia Sorento e подготвена за своето деби, а тоа ќе се случи точно по еден месец, на новото издание на автомобилскиот Саем во Женева.

SUV знаменосецот на корејскиот бренд зад себе има над 3 милиони продадени примероци откако се појави на пазарот во 2002 година, а со секое ново издание еволуираше според најновите технолошки и технички трендови.

И новиот Sorento e најавен со многу технологија и напредни безбедносни и возачки системи, како и дизајн кој ќе го прави поразличен и автентичен од конкуренцијата, нешто што може да се препознае и во првите рендери објавени од производителот.

Најголемиот дел од деталите ќе бидат претставени во пресрет на премиерата, а Kia засега открива дека Sorento ќе користи нова платформа која ќе му овозможи веднаш да добие и хибридна изведба.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider