Slider

Вести

Kia најави забрзана EV трансформација, 11 електрични модели до 2026 година

Slider

10/02/2021

Корејскиот бренд Kia најави дополнително забрзување на процесот на електрификација, кој веќе го најави со стратешки план, за сега на дигитална промоција одржана во Сеул да проектира поголема офанзива во текот на актуелната деценија.

Веќе следната година ќе започне продажбата на првиот електричен модел на Kia кој ќе ја користи специјалната платформа наменета за ваков тип автомобили, а до 2026 година се планирани 11 електрични модели, од кои седум ќе бидат целосно нови, а четири ќе користат основа на актуелните автомобили од гамата.

Kia најави дека до 2030 година планира да продава 880.000 примероци годишно од моделите кои ќе ја користат E-GMP платформата, а во истиот период производителот планира да продава 1,6 милиони автомобили и 40 проценти од нив да бидат со еко-френдли погон (електрични, хибриди и плаг-ин хибриди).

Концептот за современ електричен автомобил подразбира и иновативни технологии, па првиот електричен модел ќе пристигне со второ ниво на автономно возење, додека во 2023 година се очекува дебито и на третото ниво.

Првите подетални информации за електричниот автомобил кој засега е познат како CV, ќе бидат претставени следниот месец.

Kia претходно веќе го претстави своето ново лого и новиот корпоративен идентитет, најавувајќи уште поголеми амбиции наредниот период.

Повеќе содржини за Kia:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider