Новитети
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели
Производителот се обидува да профитира од моментумот кој го има како еден од лидерите во однос на електричната технологија која ја вградува во своите модели.
Јужнокорејскиот производител Kia ќе се обиде да добие почетна предност во сегментот на големи електрични SUV модели преку рано лансирање на EV9, електричен SUV со седум седишта.
Овој модел ќе заземе сегмент кој во моментов е безмалку непостоечки кога се во прашање електричните автомобили.
Преку лансирање на овој модел пред конкурентите, Kia се надева на добивање на почетна предност во сегментот. Воено, очекувањата на производителот се овој модел знаменосец да го подигне имиџот на целиот бренд.
“Во моментов има неколку модели со седум седишта во понудата”, изјави Артур Мартинс, директорот на Kia одговорен за брендот и за корисничкото доживување. “Но, ќе помине уште некое време додека големите производители лансираат модели во овој сегмент, па тоа е голема можност за нас, не само во однос на продажбата, туку и за спроведување на транзиција на брендот и негово репозиционирање”, додава тој.


Прототипот кој беше претставен во Сеул го следи дизајнот на концептот кој беше претставен на саемот во Лос Анџелес. Продукцискиот модел се очекува да дебитира за време на саемот во Њујорк следниот месец.
Од прототипот може да се забележи дека се работи за SUV со големи прозорци, просторна кабина и елегантно дизајниран ентериер. Предниот дел ја добива маската со препознатливата “Tiger Face” решетка, како и дигиталната светлосна анимација.
Дизајнерите во ентериерот ги задржале физичките копчиња само за најважните функции, како што е контролата на клима уредот.
Kia се обидува да испорача конкрентен модел во сегмент следејќи ја побарувачката. Податоците покажуваат дека во 2021 и 2022, стапката на купувачи кои размислуваат за брендот Kia при купување на возило пораснала за 60%, додека позитивното мислење за брендот пораснало за дури 90%.

Производителот се обидува да профитира од моментумот кој го има како еден од лидерите во однос на електричната технологија која ја вградува во своите модели.
Истовремено, хронолошки гледано, Корејците може да се наметнат како доминантни во овој сегмент, со оглед на тоа што европските гиганти и јапонските конкуренти не се толку брзи со лансирањата во овој сегмент.
Затоа, во рамките на стратегијата на Kia е предвидено лансирање на дури 17 нови електрични модели во следните 4 години со што ќе се покријат сите пазарни сегменти.