Slider

Вести

Kia подготвува електричен кросовер со 800V технологија

Slider

Се работи за проект кој ќе донесе многу технолошки иновации, пред се бидејќи ќе ја користи новата групациска платформа E-GMP, а овој автомобил од гамата на Kia ќе биде и прв кој ќе ги користи нејзините придобивки

08/05/2020

Концептот кој дебитираше под името Imagine на Саемот во Женева минатата година, наскоро ќе биде електричен автомобил кој ќе влезе во сериско производство во некоја од фабриките на Kia.

Се работи за проект кој ќе донесе многу технолошки иновации, пред се бидејќи ќе ја користи новата групациска платформа E-GMP, а овој автомобил од гамата на Kia ќе биде и прв кој ќе ги користи нејзините придобивки.

Она што може да се истакне е 800-волтната технологија која досега ја понуди само Porsche Taycan и можноста за користење на 350 kW брзите полначи на Ionity, а дека електричниот кросовер ќе може да си дозволи и помоќни изведби потврдува соработката со Rimac.

Засега информациите за досегот со едно полнење не се потврдени, но се очекува околу 500 километри со едно полнење, а Kia размислува и за спортска, најмоќна изведба, со која кросоверот ќе може да му парира на Taycan и со перформансите.

Премиерата на новиот кросовер на Kia е потврдена за следната 2021 година.

Повеќе содржини за Kia

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider