Slider

Вести

Kia постигнала рекорден европски пазарен удел во јануари

Slider

22/02/2021

Продажбата на нови автомобили во Европа и натаму заостанува во споредба со резултатите од периодот пред пандемијата, а таков пад е потврден и во јануари 2021 година, кога се продадени за 25,7 проценти помалку автомобили.

Од друга страна, Kia одбележа најголем пазарен удел на европските пазари во историјата, откако во јануари продажбата на автомобилите на корејскиот бренд сочинувале 4 проценти.

Kia ја заврши 2020 година со пазарен удел од 3,5 проценти, но веќе во првиот месец во новата година е забележан значителен скок, кој е посебно важен во моментите кога целиот пазар е во негатива.

Европските импортери на Kia изминатиот месец продале 33.971 нов автомобил, што е пад за 10,4%, многу помал во однос на индустрискиот просек (25,7%) и доволен за подобрување на позицијата во однос на другите брендови.

– Продажбата останува сериозен и тежок за предизвик, не само за нас, туку и за целата индустрија. Но, нашите партнери низ Европа направија екстремни заложби да го задржиме позитивниот тренд, а најдобра потврда за тоа е рекордниот пазарен удел, – изјавил Џејсон Јеонг, претседател на Киа Европа.

Повеќе содржини за Kia:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider