Slide 1
Slide 1

Вести

Kia произведе четири милиони автомобили во фабриката во Жилина

Slide 1
Slide 1

26/05/2021

Модерната фабрика во словачкиот град Жилина овозможи да се реализира стратегијата за освојување на европските купувачи на корејскиот производител Kia, а со годините стана една од најважните производствени локации на брендот.

Kia сега одбележа надминување на бројката од 4 милиони произведени автомобили во Жилина, а јубилејниот примерок бил претставник на актуелната генерација на Sportage, која и доминира меѓу европските купувачи.

Фабриката беше отворена во 2006 година, а првите автомобили кои се произведуваа во Жилина беа тогашните членови на Ceed семејството, кое во меѓувреме е проширено, а корејскиот производител го развива и подготвува токму според вкусот и приоритетите на европските купувачи.

Во 2012 година, во Словачка беше надмината бројката од милион произведени примероци, за подоцна на секои три години да почне ситнењето на нов милион и денеска тоа да се случува со петтиот милион.

Во моментов во Жилина се произведуваат сите членови на Ceed семејството, вклучувајќи го и кросоверот XCeed, како и Sportage со неговата mild hybrid варијација.

Kia има 3.700 вработени во фабриката во Словачка, а со последната инвестиција од 70 милиони евра е овозможено и производство на најновата генерација бензински мотори.

Повеќе содржини за Kia:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови