Slider

Вести

Kia со рекордна eвропска продажба на електрифицирани изведби во првите три месеци

Slider

Kia посебно го потенцира напредокот на хибридите, плаг-ин хибридите и електричните изведби, кои стигнале до раст од 20,8 проценти во однос на кварталната продажба и нејзината споредба со истиот период минатата година

17/04/2020

Kia Motors го потенцираше својот голем успех во однос на продажбата на електрифицирани автомобили во првиот квартал на 2020 година, кој генерално донесе намалена продажба поради кризата со коронавирусот.

Корејскиот бренд имаше пад на продажбата од 14,5%, што сепак е многу подобар ефект во однос на просекот на целата индустрија, а вкупно во Европа се испорачани 113.026 примероци. Згора на тоа, Kia го зголеми својот пазарен удел на европскиот континент и стигна до 3,7% од целата продажба.

Kia посебно го потенцира напредокот на хибридите, плаг-ин хибридите и електричните изведби, кои стигнале до раст од 20,8 проценти во однос на кварталната продажба и нејзината споредба со истиот период минатата година.

Тоа се вкупно 21.340 електрифицирани изведби кои заедно претставуваат 18,9 проценти од целосната продажба на Kia во Европа, што е сериозен раст ако се знае дека во 2019 година уделот беше 13,4%.

– Првите три месеци од 2020 година беа посебен предизвик за целата индустрија поради мерките за социјално дистанцирање, како и затворање на продажните салони во голем дел од Европа. Но, ние успеавме да ја зголемиме продажбата на електрифицираното портфолио, а за тоа придонесе и зголемениот број на плаг-ин хибрид изведби, – вели Емилио Ерера, првиот човек на Kia Motors Europe.

Во овој прв квартал, електричните изведби на Niro и Soul учествувале со 32 проценти во целосната продажба на електрифицирани изведби, а плаг-ин хибридите стигнале до 30 проценти откако во продажните салони се достапни PHEV изведби и на XCeed и Ceed SW.

Прегледот на целосните продажни резултати го потенцираат фактот дека проширеното Ceed семејство (Ceed, Ceed SW, ProCeed и XCeed) останува број еден според продажбата (29.664), по што следуваат Sportage (23.011) и Niro (16.010).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider