Slide 1
Slide 1

Стории

Kia Sportage обезбедува највеќе простор на задната клупа во SUV конкуренцијата

Slide 1
Slide 1

23/03/2021

Kia Sportage со години е меѓу најпродаваните модели на македонскиот пазар, а актуелната генерација се чини успеа да стигне до најдобар однос вложено/добиено и привлече голем број нови купувачи.

Функционалните адути на Sportage го претворија во еден од омилените семејни автомобили, посебно во период кога SUV модели им ја украдоа славата на моноволумените и седаните.

Постојат повеќе сегменти во кои компактниот SUV на Kia се наоѓа меѓу најдобрите, но експертите на француски „Auto Plus“ истакнаа уште една важна карактеристика која е посебно важна за семејствата.

Се однесува на споредбата на просторот во широчина на задната клупа и тоа во пределот на лактите, каде вообичаено станува јасно дека нема простор за тројца возрасни патници.

Kia Sportage е победник во споредбата, откако ласерското мерење од врата до врата (со потпирачите за раце) покажа дека кај SUV моделот на корејскиот бренд има 150 сантиметри.

Со тоа Sportage е единствен во класата, па дури и подобар од модели кои според надворешните димензии се поголеми од него.

Модел

Простор

1

Kia Sportage

150 см

2

Citroën C5 Aircross

149 см

2

Mazda CX-5

149 см

4

Audi Q3

148 см

4

Peugeot 3008

148 см

4

Hyundai Tucson

148 см

4

Kia Niro

148 см

4

Opel Grandland X

148 см

4

Honda CR-V

148 см

4

SsangYong Korando

148 см

11

Kia Xceed

147 см

11

Renault Kadjar

147 см

11

Seat Ateca

147 см

11

Volkswagen Tiguan

147 см

15

Range Rover Evoque

146 см

15

BMW X1

146 см

15

Mercedes GLA

146 см

15

Nissan Qashqai

146 см

15

Škoda Karoq

146 см

15

Toyota RAV4

146 см

Повеќе содржини за Kia:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови