Slider

Вести

Kia Telluride е Светски автомобил на годината, две признанија за Porsche Taycan

Slider

Kia Telluride e прогласен за Светски автомобил на 2020 година, а прогласувањето за признанието првпат годинава беше реализирано преку стриминг, наместо како дел од автомобилскиот саем во Њујорк, кој беше одложен поради коронавирусот

08/04/2020

Kia Telluride e прогласен за Светски автомобил на 2020 година, а прогласувањето за признанието првпат годинава беше реализирано преку стриминг, наместо како дел од автомобилскиот саем во Њујорк, кој беше одложен поради коронавирусот.

SUV моделот на Kia кој се продава на американскиот пазар го доби престижното признание, добивајќи ја азиската битка со два модела на Mazda, CX-30 и Mazda 3, кои исто така влегоа во големото финале.

86 новинари од 24 земји во светот секоја година го доделуваат признанието „Светски автомобил на годината“, а покрај доделувањето годинава, различно е и тоа што Telluride не е автомобил кој е достапен во Европа.

Porsche Taycan освои две важни признанија, откако е избран за спортски автомобил на годината, но и за најдобар луксузен автомобил.

Утешното признание за Mazda која имаше многу финални номинации е тоа за најдобар дизајн, а доделено за дизајнот на Mazda 3.

Електричната Kia Soul EV ја доби наградата за најдобар урбан автомобил,

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider