Slider

Вести

Kia веќе продаде 200.000 примероци од Ceed семејството на германскиот пазар

Slider

Основата на секој успех во Европа најчесто е најголемиот, германски пазар, па Kia со право го истакнува фактот што веќе ја надмина бројката од 200.000 примероци од Ceed семејството во оваа земја

02/12/2020

Kia гордо го истакнува својот успешен пробив на европските пазари, а основа за тој успех беше моделот Ceed, кој беше развиван и подготвуван специјално за купувачите на овој континент.

Од 2007 наваму, Kia Ceed реализира респектабилни бројки и освои многу награди, а покрај класичната хечбек и SW комби изведбата, во меѓувреме ги доби и ProCeed и кросоверот XCeed како дополнително засилување во продажните салони.

Основата на секој успех во Европа најчесто е најголемиот, германски пазар, па Kia со право го истакнува фактот што веќе ја надмина бројката од 200.000 примероци од Ceed семејството во оваа земја.

За постигнувањето на Ceed изведбите во Германија да добие уште еден важен аргумент, говори и фактот што во оваа тешка година за сите производители, веќе се пласирани 22.710 примероци oд изведбите на Ceed, што е нов годишен рекорд на брендот.

Тоа се одразува и на вкупната продажна бројка, бидејќи корејскиот производител во 2020 година има пад од 9,4 проценти, што е многу помалку од просечниот продажен пад од 23,4 проценти. Во прилог на позитивниот тренд оди и фактот што Ceed SW и XCeed се достапни и како плаг-ин хибрид изведби, додека сите дизел мотори доаѓаат со погон на благ хибрид.

Kia успеа да се наметне со фактот што Ceed понудата е предодредена за различен тип купувачи, па покрај модерниот дизајн, врвната функционалност и 7-годишната гаранција, може да понуди и навистина моќен бензински мотор со 204 коњски сили, капацитет на багажникот од 625 литри кај Ceed SW изведбата и уникатна „шутинг брејк“ изведба во компакт класата, каква што е ProCeed.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider