Slide

Стории

Kia за 2 и пол години ќе започне со производство на електрични автомобили во Европа

Slide

Планот на Kia предвидува лансирање на големиот SUV EV9 во втората половина на годината. Тој веќе беше прикажан како концепт. EV9 ќе се продава во Европа, ќе има батерија со капацитет од 100 kW и автономија од 540 километри.

03/11/2022

Новата проширена EV стратегија на Kia вклучува старт на производство на електрични автомобили во Европа започнувајќи од 2025 година.

Корејскиот производител ќе ја прошири својата гама на електрични модели со мал кросовер кој ќе биде лансиран во 2024 година, како и хеџбек во компакт класата кој би бил лансиран една година подоцна. Токму компактот би бил првиот јужнокорејски модел произведен на европско тло.

Двата споменати модели беа најавени како дел од ревидираната стратегија на Kia за својата електрификација до 2030-тата година, која предвидува започнувајќи од 2023 година производителот да лансира најмалку два комплетно електрични автомобили годишно.

Новиот план на лансирање на моделите беше објавен од страна на Хо Сунг Сонг, извршниот директор на Kia. Тој вклучува дури 14 комплетно електрични модели до 2027 година. Kia во моментов во Европа продава три електрични модели: тоа се малите кросовери Soul и Niro, како и големиот кросовер EV6.

Претходниот план предвидуваше вкупно 11 електрични модели во гамата до 2026 година. Сега, според проширениот план, Kia додава два електрични пикапи, вклучувајќи еден за земјите во развој, како и еден базичен, подостапен модел.

Во прилог се дел од главните поенти од планот:

2023 година: Лансирање на големиот SUV EV9 во втората половина на годината. Тој веќе беше прикажан како концепт. EV9 ќе се продава во Европа, ќе има батерија со капацитет од 100 kW и автономија од 540 километри

2024: Лансирање на уште еден мал кросовер, чие име сѐ уште не ни е познато;

2025: Лансирање на мал кросовер, кој најверојатно ќе се произведува во Индија. За време на настан на Kia пред 6 месеци беше најавено дека Индија ќе биде производствена база за електрични возила на Kia за малите сегмнти (од А+ до C сегментот). Понатаму, во 2025 година е предвидено лансирање на поголем SUV, со должина од околу 4.6 метри.

2025: Лансирање на хеџбек во компакт сегментот, кој ќе биде произведен во Европа. Овој модле би бил долг 4.4 метри, со што би бил пандан на тековниот модел Ceed, кој се произведува во фабриката во Жилина во Словачка.

2027: Лансирање на електричен седан;

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск