Slide 1

Новитети

За прв пат во 28-годишната историја на Sportage, Kia креираше различна верзија само за Европскиот пазар

Slide 1

Забележлива е страничната вдлабнатина под прозорците, што придонесува за поголема забележливост на тркалата, кои во зависност од нивоата на опрема, ќе имаат алуминиумски бандажи со големини од 17, 18 и 19 инчи.

26/08/2021

Наскоро, пред претстојниот IAA Mobility во Минхен, Kia ќе ја претстави комплетно новата генерација на Sportage, бестселерот помеѓу моделите на Kia во Европа. 

Со 29.295 продадени примероци во првите четири месеци од годинава, тековниот Sportage е најдобро продаван модел на Kia во Европа. Очекувано, Sportage е бестселер и во Македонија: Минатата година продажбите на атрактивниот SUV изнесувале дури 60% од вкупните продажби на Kia во нашата земја.

Четвртата “QL” генерација беше воведена во 2015 година. Сега, 6 години подоцна, таа ќе биде заменета со нова петта генерација, која ќе биде поставена на истата платформа како и сестринскиот модел Hyundai Tucson. 

Премиерата на новиот модел веќе се одржа во јуни во Јужна Кореја, но за прв пат во 28-годишанта историја на моделот, Kia реши да лансира различна, покуса верзија за европскиот пазар. “Европскиот” Sportage, кој има купе-SUV изглед, ќе се произведува во фабриката на Kia во Жилина, Словачка.

Според информациите кои ги добивме од импортерот на Kia за Македонија, производството на моделот се очекува да стартува на 01 ноември, а првите примероци во Македонија треба да пристигнат пред крајот на годината.

Нов дизајнерски правец

Европската верзија засега се презентира само преку скици, а комплетната онлајн премиера е закажана за 01 септември, по што моделот ќе биде презентиран и на IAA Mobility во Минхен (07-12 септември).

Скиците упатуваат на јасни визуелни промени, особено во задниот дел, a се дел од комплетно новиот дизајнерски пристап кој производителот го именува како “Opposites United”. Задниот дел на долгата верзија има трет заден прозорец, кој недостасува во скиците на покусата верзија наменета за Европа. Праговите и спојлерите се во боја на каросеријата, што е уште една забележлива разлика во споредба со долгата верзија. 

“Со новиот Sportage, не сакавме едноставно да отидеме еден чекор напред, туку да се движиме по комплетно различно ниво во SUV сегментот” – изјави Карим Хабиб, Канаѓанецот со либанско потекло, кој е директор на одделот за дизајн на Kia.

Дизајнот на новиот Sportage е базиран на EV6, со остри линии за разлика од заоблената форма на претходната генерација. За разлика од дизајнот, димензиите на Европската верзија се очекува да бидат слични на тие на претходната генерација: 4.485мм должина и меѓуоскино растојание од 2.670мм. 

Во предниот дел воочлива е целината која ја формираат LED Matrix светлата заедно со дневните светла во форма на бумеранг.

Страничната вдлабнатина под прозорците дополнително ги истакнува тркалата, кои во зависност од нивоата на опрема, ќе имаат алуминиумски бандажи со големини од 17, 18 и 19 инчи.

Ретровизорите се позиционирани на самите врати, а покривот, кој за прв пат кај Sportage ќе може да се нарача во боја различна од таа на каросеријата (само кај GT-Line), формира безмалку хоризонтална линија која се протега сè до задниот спојлер. 

Системи за асистенција во возењето и нова суспензија

Во ентериерот доминира елементот во кој се поставени дигиталната инструмент табла и екранот осетлив на допир, и двата со дијагонали од по 12 инчи. 

Можни се и “Over-the-Air” надградби на софтверот, а од системите за асистенција во возењето достапни ќе бидат системот за задржување во лента, адаптивен темпомат и предупредување за возило во “мртов” агол. Автоматскиот “shift-by-wire” менувач ќе овозможи побрзо пренесување на командите од возачот кон системот за трансмисија.

Новиот Sportage ќе овозможи електронска контрола на суспензијата. Неколкуте режими на возење ќе овозможат полесно управување при возење низ снег, кал или песок.

Мотори и хибридни изведби

Во зависност од пазарите, се очекува Kia да воведе хибридни и плаг-ин хибридни изведби. Плаг-ин хибрид изведбата треба да дебитира на IAA Mobility заедно со останатите изведби планирани за европскиот пазар. Се очекува понудата да биде базирана на 1.6 литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри, кој во плаг-ин хибрид изведбата ќе биде надополнет со електромотор со сила од 67kW. Очекуваниот капацитет на батеријата изнесува 13.8kWh.

Но, за сите податоци како што се потрошувачката и електричната автономија ќе мора да причекаме до следната среда.

Повеќе содржини за Kia:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental