Slide

Вести

Кинескиот пазар колабираше, коронавирусот ја актуелизираше онлајн продажбата

Slide

Geely веќе започна онлајн продажба на своите автомобили, со испорака до домот на купувачот, а своето онлајн присуство го засилиле и брендови како Tesla, BMW и Mercedes кои ќе го олеснат инвестирањето во нов автомобил преку интернет

23/02/2020

Големата штета која ќе ја предизвика коронавирусот на автомобилската индустрија допрва ќе се пресметува, но почетниот ефект е потврда дека производителите ќе мора да ја прифатат новата реалност и да ги преформулираат своите проекции.

Не само што најсилниот удар го доживува најголемиот автомобилски пазар во светот, кинескиот, туку последиците од затворањето на фабриките во оваа земја има импликации врз процесот на производство и на другите континенти.

Официјалните бројки велат дека во првите две недели од февруари, во Кина се продадени само 4.909 нови автомобили, е што вистински дебакл или пад од 92 проценти во однос на истиот период минатата година.

Главните актери во браншата веќе смислуваат алтернативни начини да дојдат до купувачите, затоа што тие имаат препорака да не излегуваат од своите домови и со тоа посетата на продажните салони не може да им биде посебен приоритет.

Geely веќе започна онлајн продажба на своите автомобили, со испорака до домот на купувачот, а своето онлајн присуство го засилиле и брендови како Tesla, BMW и Mercedes кои ќе го олеснат инвестирањето во нов автомобил преку интернет.

За да стигне до што повеќе купувачи, Geely веќе овозможува и тест возења, со тоа што потенцијалниот купувач истото го започнува и завршува пред својот дом и нема непотребна комуникација со опкружувањето.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан