Вести

Кларксон го вклучи Peugeot Rifter меѓу своите фаворити во 2019 година

Мултифункционалниот автомобил на францускиот бренд изнуди комплименти од новинарската легенда поради комфорната суспензија, управливоста и навистина голем и функционален багажник, кои доаѓаат во комбинација со солидниот бензинец со 130 коњски сили и GT Line нивото на опременост

27/12/2019

Џереми Кларксон традиционално објавува листа на автомобили кои посебно го воодушевиле во текот на календарската година, па така и годинава весникот „Тајмс“ ги потенцираше моделите кои Британецот ги вметна во својот Топ 9 за 2019 година.

Сосема очекувано, Кларксон не можеше да одолее на перформансите и возните карактеристики на поголем број моќни автомобили, но во списокот на свои фаворити го вклучи и Peugeot Rifter GT Line.

Мултифункционалниот автомобил на францускиот бренд изнуди комплименти од новинарската легенда поради комфорната суспензија, управливоста и навистина голем и функционален багажник, кои доаѓаат во комбинација со солидниот бензинец со 130 коњски сили и GT Line нивото на опременост. За Кларксон, Peugeot Rifter е брилијантен семеен автомобил.

На списокот фаворити на модераторот на „The Grand Tour“ е Ferrari 488 Pista за кого Кларксон вели дека е „највозбудливиот, најубавиот и најимпресивниот“ автомобил кој е некогаш направен, тука е и Audi R8 V10 Performance „кој звучи како вулкан“, како и Ford Mustang V8 во кабриолет изведба.

Во однос на популарните SUV модели, Кларксон го вклучи Range Rover Velar SV кој располага со 550 коњски сили, како и Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio чиј мотор со 510 кс за него е „ремек-дело“.

Меѓу неговите омилени автомобили се најде и Suzuki Jimny, Кларксон е воодушевен и од карактеристиките на два спортски компакти, односно Mercedes AMG A 35 4Matic и Renault Megane RS Trophy.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider