Slider

Новитети

Комерцијално возило без лимити: Land Rover ја претстави Hard Top изведбата на Defender

Slider

30/06/2020

Land Rover Defender со својата нова генерација веќе е дел од понудата во продажната мрежа на британскиот бренд, а како што беше и најавено, ќе биде достапен во 90 и 110 изведбите.

Но, во Land Rover решија дека е време да се врати и наставката Hard Top во портфолиото на Defender, па ги објавија деталите за комерцијалната изведба на легендарниот теренец.

Во суштина, тоа претставува комбинација на неверојатните оф-роуд способности на Defender, неговите премиум квалитети и можноста за поголем карго простор, кој на компаниите би им обезбедил можност за извршување на своите обврски и транспорт на предмети и во најтешко достапните делови.

Defender Hard Top е подготвен од SVO одделението на Jaguar Land Rover, ќе ја користи истата напредна платформа, а покрај големиот карго простор, има можност за влечење на приколка тешка до 3,5 тона.

Со оглед на карактерот на комерцијално возило, LR Defender Hard Top нема да има втор, ниту трет ред седишта, но затоа ќе добие дополнително седиште за во средината на првиот ред, кое ќе може да биде активирано по потреба.

Меѓу премиум квалитетите е и Pivi Pro инфо-забавниот систем кој е комбинација на најпотребните модерни функции и опции за конективност, голем број безбедносни системи, како и 3D камера со која може да го „снимите“ цело опкружување на Defender.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider