Slider

Стории

Компакт шампион на GTÜ 2020: Fiat Tipo со помалку дефекти и од германските премиум ривали

Slider

Fiat Tipo ја остави зад себе не само целата конкуренција, туку дури и германските премиум компакти кои традиционално се истакнуваат со својот квалитет

16/12/2019

Германската организација за технички инспекции на автомобилите (GTÜ) секоја година составува ранкинг на моделите кои се присутни на домашниот пазар, подредувајќи ги според детектираните проблеми на годишните прегледи.

Експертите на GTÜ на повеќе од 11.000 локации во Германија ги евалуираат резултатите и од нив се креира споредбата на прикажаните проблеми и дефекти по класи, старосни групи, но и специфичните проблеми за секој модел одделно.

Во официјалниот извештај кој го носи предзнакот GTÜ 2020 импресионира резултатот на Fiat Tipo, автомобилот кој со одличниот квалитет по достапна цена стигна до многу купувачи, а тука успева да дојде до првата позиција меѓу компактите во старосната група меѓу 1 и 3 години.

Fiat Tipo ја остави зад себе не само целата конкуренција, туку дури и германските премиум компакти кои традиционално се истакнуваат со својот квалитет. Но, дури и модели како Audi A3 и Mercedes A-Class не можеле да обезбедат подобар резултат од Tipo, кој оствари убедлива победа во класата со резултат 0,84.

Истиот значи дека просечно, помалку од секој стоти автомобил покажал некој дефект или проблем, постигнување кое може само да го зголеми респектот кон Tipo, кој е достапен во хечбек, седан и комби изведба.

GTÜ 2020 (компакт класа 1-3 години)
1. Fiat Tipo 0,84
2. Audi A3 2,55
3. Mercedes A-Class 2,58
4. Volvo V40 2,63
5. VW Golf VII 3,74
6. Seat Leon 3,78
7. VW Golf VI 3,86
8. Toyota Auris 4,04
9. Mazda 3 4,44
10. Honda Civic 4,88

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider