Вести
Компанијата-сопственик на Volvo лансираше 9 сателити во орбитата, кои ќе служат за попрецизно GPS позиционирање
Geely очекува лансирање на уште 63 вакви сателити до 2025, а како крајна цел е формирање на мрежа од 240 сателити.
Групацијата Geely во средата го спроведе своето прво успешно лансирање на сателити, испраќајќи девет од нив во орбитата околу земјата.
Ова лансирање е дел од напорите на кинеската групација да креира своја мрежа од сателити, со цел овозможување на попрецизна навигација за автономните возила.
Сателитите GeeSAT-1, кои се произведени од самата групација, беа лансирани од Чичанг лансирниот центар во југозападната провинција Сичуан, во Кина.
Geely очекува лансирање на уште 63 вакви сателити до 2025, а како крајна цел е формирање на мрежа од 240 сателити.
Со ова лансирање, Geely станува вториот голем автомобилски производител кој има свои сателити во орбитата на Земјата.
Американската компанија SpaceX, која е во сопственост на Илон Маск, има повеќе од 2,000 сателити, како дел од неговата Starlink мрежа. Starlink веќе нуди комерцијални интернет услуги, најчесто за руралните средини, каде се недостапни кабелскиот и интернетот кој го продаваат мобилните оператори.
Но, за разлика од SpaceX, компанија која користеше свои ракети за лансирање на сателитите, Geely за лансирање на своите 9 сателити користеше ракета по име 2C, развиена од страна на кинеска државна компанија.
Како дополнување на високопрецизна навигација, овие сателити ќе имаат и други функции. Од компанијата известуваат дека овие сателити имаат животен век од 5 години, по што ќе се самоуништат без да остават отпад во вселената.
Инаку, шведскиот премиум производител Volvo, од 2010-тата година е во сопственост на Geely Holding, групација која беше формирана во 1997 година, а во нејзини рамки спаѓаат и брендовите Geely Auto, Lynk & Co, Proton Cars и Geometry.