Новитети
Koncept EV9 е еден од 11-те електрични модели кои Kia ќе ги лансира до 2026 година
Кореанците преку презентацијата на својата стратегија, веќе ги најавија имињата за своите 9 нови електрични модели кои редоследно ќе ги добијат своите ознаки започнувајќи од EV1, па сè до EV9.
За време на LA Auto Show, Kia го претстави Concept EV9, комплетно електричен SUV модел. Потврдено е дека овој концепт ќе добие сериски модел кој се очекува да биде лансиран најдоцна до 2026 година. Дотогаш Кореанците планираат да имаат дури 11 електрични модели во својата гама.
Објавената фотографија за време на премиерата во Лос Ангелес го претставува Concept EV9 од профил. Силуетата на моделот потсетува на Кia Telluride. Ветробранското стакло е поставено под агол од околу 45 степени, хаубата е куса, а безмалку хоризонталниот покрив завршува со мал кровен спојлер. Така, овие фотографии веќе откриваат многу за изгледот на атрактивниот SUV.
Продукциската верзија на Kia EV9 ќе биде највисоко позициониран модел во EV серијата на Kia. Големиот SUV ќе има и трет ред седишта. Се очекува голем дел од презентираното во концептот да биде имплементирано и во серискиот модел, кој ќе го носи името EV9.
Моделот ќе биде поставен на E-GMP платформата (Electric Global Modular Platform).
Кореанците преку презентацијата на својата стратегија, веќе ги најавија имињата за своите 9 нови електрични модели кои редоследно ќе ги добијат своите ознаки започнувајќи од EV1, па сè до EV9.

Дел од најважните податоци кои ги илустрираат перформансите на оваа платформа се 800-волтната технологија, максималната сила од 600 hp, максималната брзина од 260 km/h и можноста моделите да бидат претворени во извор на струја за одредени помали електрични апарати.
Но, во Hyundai групацијата каде припаѓа и Kia, овој SUV нема да биде сам. По примерот со Kia EV6, групацијата ќе лансира SUV модели со знакот на Hyundai i Genesis, користејќи ја истата електрична платформа на која е поставен и EV9.
Во моментов останатите два бренда на групацијата веќе имаат активни модели на платформата. Тоа се Hyundai Ioniq 5 и Genesis GV60. Кореанците ќе продолжат во иста насока преку лансирање на големи електрични SUV модели. Во таа насока упатува и фактот што само неколку дена по презентацијата на EV9, Hyundai објави концепт за Ioniq 7 моделот.