Slide

Новитети

Концептот Polestar О2 EV го најавува амбициозниот план за лансирање на 3 нови модели до 2024 година

Slide

О2 концептот најавува и нова алуминиумска платформа, која ќе дебитира на гоелмиот електричен седан Polestar 5, кој би требало да биде лансиран во следните неколку години.

10/03/2022

Шведскиот произовдител на електрични возила Polestar го привлече вниманието на светските медиуми преку откривање на концептот за родстерот O2.

Polestar го претстави концептот на кров на зграда во Беверли Хилс минатата седмица. Се работи за кабриолет со цврст покрив, кој го рефлектира идниот дизајнерски правец на производителот.

Концептот O2 e низок и широк родстер за 4 патници, а карактеристично е неговото долго меѓуоскино растојание. Менаџментот на Polestar нагласува дека спортскиот дизајн ќе го диференцира брендот од сестринскиот бренд Volvo.

Главниот дизајнер на Polestar, Максимилијан Мисони го дефинира O2 како симбиоза на технологијата и уметноста.

Дизајнерот нагласува дека изгледот на концептот не е многу различен од продукцискиот модел кој ќе следи.

Концептот ги најавува и амцициозните производни планови на брендот, кој вклучува лансирање на два кросовери и еден седан до 2024 година. Лансирањето на овие три модели е во фокусот на извршниот директор Томас Ингенлат.

Според него, концептот е пример за автомобил чија форма ја следи функцијата. Ова особено се однесува на аеродинамиката, со нагласен фокус на намалување на турбуленцијата зад автомобилот.

Мисони, од друга страна, нагласува дека во ера кога се појавуваат многу нови производители, вистински предизвик е да развиете дизајн кој ќе биде препознатлив, а во исто време ќе биде и применлив на возила од различни сегменти. 

О2 концептот најавува и нова алуминиумска платформа, која ќе дебитира на гоелмиот електричен седан Polestar 5, кој би требало да биде лансиран во следните неколку години. 

Платформата, која е развиена интерно од тимот на Polestar, вклучува поцврста шасија, висока ригидност и подобрена возна динамика.

Споредено со сестринскиот бренд Volvo, кој го изгради својот имиџ преку безбедноста, Polestar сака да биде синоним за одржливоста. Компанијата развива јаглеродно-неугрален модел кој треба да биде подготвен до 2030 година. Нашата цел е да ги намалиме Co2 емисиите од самиот старт на производство, па сѐ до крајот на животниот век на автомобилите.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск