Slider

Вести

Ко-основачот на Apple за автономното управување: Се откажав од идејата за петтото ниво

Slider

Стив Вознијак, ко-основачот на гигантот Apple, на своето последно излагање на конференција во Лас Вегас потврдил дека е скептик во однос на достигнувањето на петтото ниво на автономија во догледно време

29/10/2019

Автомобилските производители постојано инвестираат во развојот на технологијата за автономно управување, но повлекуваат внимателни потези имајќи ги предвид актуелните регулативи и фактот што стигнувањето до последната петта фаза не зависи само од подготвеноста на нивните продукти.

Во оваа насока доаѓа и последната изјава на Стив Вознијак, ко-основачот на гигантот Apple, кој на своето последно излагање на конференција во Лас Вегас потврдил дека е скептик во однос на достигнувањето на петтото ниво на автономија во догледно време.

Се шпекулираше дека токму Apple е една од големите компании кои не се директни учесници во авто-индустријата, а подготвуваат „самовозечки“ автомобил кој ќе ги помести стандардите во овој сегмент.

– Ретерирав од идејата за нивото 5, навистина се откажав. Не знам дали тоа навистина ќе стане реалност додека сум жив. Автономните возила би се снаоѓале подобро доколку патиштата се подобри и доколку има делници на кои не може да се случи ништо невообичаено и никогаш би немало работи во тек.

Актуелната непредвидливост на патиштата останува сериозна сопирачка во брзото достигнување на последното петто ниво во кое возачот ќе нема никакви обврски во текот на трансферот од точка А до точка Б, a Вознијак вели дека интелигентните софтвери се уште не се подготвени да ги заменат луѓето.

– Ја доведовме јавноста во заблуда дека автомобилите ќе бидат како човечкиот мозок, ќе можат да ги забележат новите работи и да се снајдат на начин каков што тоа можат да го прават луѓето, – потенцира

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider